Close Menu
Press24
    Најново

    Крвава пресметка во кафуле во Тетово: Вработен со остар предмет повредил тетовчанец

    06.08.2026 во 12:49

    Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат

    06.08.2026 во 12:37

    Андовски на средба со ХЕМА-ОНКО и „Пеперутки“: Пациентските организации активно ќе се вклучат во Законот за лекови

    06.08.2026 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава пресметка во кафуле во Тетово: Вработен со остар предмет повредил тетовчанец
    • Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат
    • Андовски на средба со ХЕМА-ОНКО и „Пеперутки“: Пациентските организации активно ќе се вклучат во Законот за лекови
    • Манасиевски: СДС и Филипче со години го игнорираа проблемот со водата за пиење во Гостивар
    • Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници
    • УХМР најавува топло време: Утре температури до 40 степени, попладне дожд
    • Проверете ги сметките: Започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јули
    • Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 

    Зајакната институционална координација: Меморандум за соработка меѓу ЦУК и ЦКРСМ 

    26.01.2026 во 12:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на Република Северна Македонија, од страна на директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, и генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити.

    Со овој Меморандум се продлабочува институционалната соработка и се воспоставува цврста рамка за координирано, навремено и ефикасно дејствување во превенција, подготвеност и справување со кризни и вонредни состојби. Документот предвидува заедничко планирање, размена на информации и ресурси, организирање обуки и теренски вежби, како и развој на компатибилни системи за побрз и поефективен одговор при кризи.

    Посебен акцент се става на зајакнување на оперативните капацитети, унапредување на меѓусебната координација и подигање на јавната свест кај населението, вклучително и промоција на бројот за итни повици 112.

    Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон градење посилен и поотпорен систем за управување со кризи, во служба на заштитата на животот и здравјето на граѓаните, материјалните добра и безбедноста на државата.

    Прочитај повеќе

    Крвава пресметка во кафуле во Тетово: Вработен со остар предмет повредил тетовчанец

    06.08.2026 во 12:49

    Попов: Јавниот долг е намален на 58,8% од БДП, финансиите се стабилизираат

    06.08.2026 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.