Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина

    Мицкоски: Источниот дел од Коридорот 8 конечно ќе биде завршен, проектот доби јасна целина

    06.08.2026 во 11:405 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Владата денеска се потпишаа договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.

    Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање истакна дека изминатите две години напорна работа овозможиле проектот да се оптимизира и да добие јасна целина, со соодветно поврзување со соседна Бугарија.

    „Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот источен сосед. Тој напредок се постигна, се потпишаа договори, има заложба и посветеност од двете страни и тунел што е практично трет дел од проектот“, изјави Мицкоски.

    Тој појасни дека постои јасна заложба од бугарска страна за модернизација на нивниот дел од пругата, како и за заедничкиот тунел кој се очекува да биде финансиран со грант од Европската комисија. Според него, поддршката од европските финансиски институции и ЕУ покажува дека со посветеност се постигнуваат резултати.

    „Сега следува потешкиот дел. Изградбата на овие над 22 километра од аспект на инженерски потфат се навистина предизвикувачки. Не зборувам како претседател на Владата, туку како инженер. Но, убеден сум во капацитетите што ги поседува македонската градежна оператива која, очекувам, ќе даде голем придонес во реализацијата на овој проект, добро ќе се организира и ќе може да учествува на тендерот што очекувам да заврши во текот на оваа година и изградбата на овој проект да почне, исто така, оваа година. Со тоа ќе имаме и позитивни импликации врз градежништвото кое понатаму учествува во бруто домашниот производ на земјата“, истакна премиерот.

    Премиерот се осврна и на критиките од опозицијата и нагласи дека сегашната конструкција овозможува проектот да биде функционален и економски исплатлив за граѓаните кои ги враќаат средствата.

    „Овој проект нема да заврши на половина тунел во слепа улица. Сега имаме целина. И тоа е многу важно. Зашто кога градите нешто, тоа треба да биде функционално. Не е само да направите тик бокс и да кажете: „Добро е, го почнавме ова, направивме прес конференција, се обративме, ги потрошивме парите“. Тие пари некој треба да ги враќа. Тие пари ќе ги враќаат во најголема мера граѓаните на земјава. И ако веќе нешто враќаат, треба да имаме јасна целина којашто ќе носи приход. Сега веќе вака, како што е формиран и оптимизиран проектот, веќе можеме да кажеме дека ќе биде додадена вредност врз македонската економија. Продолжуваме да го заокружуваме процесот на Коридорот 8. Во делот од реформската агенда можам да кажам дека делот од Скопје до Гостивар преку Јегуновце и Тетово ќе биде опфатен во делот на финансирањето. И тука мислам на модернизација и на електрификација“, додаде премиерот.

    Мицкоски додаде дека по повеќе од три децении чекање, овој инфраструктурен проект конечно се затвора како финансиска конструкција благодарение на доделените грантови и кредити од ЕИБ и ЕБОР.

    „Сега состојбата е појасна. Сега имаме целина којашто ќе ги поврзе двете држави и којашто целина ќе означава додадена вредност и за двете држави. Тоа е дел од приоритетите на НАТО, но и економските приоритети на двете држави. Јас ќе кажам две работи коишто мислам дека се важни. А тоа е дека бев тинејџер кога првпат се спомнуваше источниот дел од Коридорот 8. Денеска сум претседател на Владата и со задоволство можам да кажам дека источниот дел од Коридорот 8 ќе биде конечно завршен. Тоа што значит? Ако тогаш сум бил тинејџер, а сега имам 48 години, значи повеќе од 30 години чекавме тоа што некогаш некој ни го најавуваше конечно оваа Влада да го затвори како проект и како финансиска конструкција, благодарение на политиките што ги води, но и со огромна поддршка на нашите партнери од европските финансиски институции како што се ЕИБ и ЕБРД. Се разбира, тука е инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската комисија, односно грантот што ќе биде доделен во вредност од 169 милиони евра и дополнително на тоа двата дела што ќе ги финансираат овие две финансиски институции“, посочи Мицкоски.

    Во однос на западната делница од Коридорот 8 кон Албанија, премиерот подвлече дека мора внимателно да се постапува со цел да се испочитуваат препораките на УНЕСКО и да се заштити охридско-струшкиот регион.

    „Ние обезбедивме 3+2 години да не се доведеме во ситуација некои идни влади повторно да го имаат тој проблем како што ние го имавме како наследство од претходните влади. Треба многу внимателно кога повлекуваме линии на хартија, да внимаваме како тие линии на хартија во пракса ќе имаат влијание врз еко средината, но и врз животите на граѓаните, бидејќи нам ни е значајно охридско-струшкиот регион да остане природно и културно светско наследство што ќе биде заштитено од страна на УНЕСКО. Мислам дека и на сите овде присутни тоа им е значајно“, рече премиерот Мицкоски.

    На потпишувањето на договорите во Владата присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау, директорот на ЕБОР за Македонија Фатих Туркменоглу, директорот на ЕИБ Бјорн Габриел, како и директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.