- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Пратениците од крилото на Алијанса на Албанците на Зијадин Села го оспорија Законот за Безбеден град пред Уставниот суд. Овој закон каде што се удира по целото население во СРМакедонија по сите граѓани, никако не дозволувам да помине по брза постапка. Друго прашање кое може да се крене е зошто проект кој веќе месеци се промовира од страна на Владата, иницијативата се прави од пратеници. Еве јавно прашање, што сака да крие Владата? Зошто сами не излезат да ја поднесат иницијативата?, изјави Села пред медиумите.
Силната снежна бура што ги зафати Соединетите Американски Држави во текот на викендот веќе одзеде најмалку десет животи, предизвика енергетски колапс за милиони граѓани и доведе до приземјување на илјадници летови. Националната метеоролошка служба предупредува дека снежните врнежи ќе продолжат и денеска, а околу дваесет сојузни држави, заедно со главниот град Вашингтон, веќе прогласија вонредна состојба. Метеоролозите го карактеризираат ова невреме како едно од најсилните во последните неколку децении. Екстремно ниските температури и замрзнувањето на клучната инфраструктура создаваат услови кои националната агенција ги опишува како потенцијално катастрофални. Најкритична е состојбата во големите градови. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, соопшти дека…
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна средба со Муамер Сефери, директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Средбата се одржа во просториите на општината, при што беше договорена зајакната и интензивирана соработка во периодот што следи, со фокус на унапредување и одржување на јавните зелени површини. Во рамки на договореното, доколку дозволат временските услови, од понеделник Општина Кисела Вода, преку Секторот за месни заедници, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, ќе започнат еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини на целата територија на општината. Акцијата ќе се реализира со целата расположлива…
Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од СВР – Велес.
Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари финансика поддршка за секое новородено дете. – Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски. Додава дека како општина продолжуваат со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека оваа година во Србија ќе се одржат избори, посочувајќи го периодот меѓу октомври и декември како најреален термин за нивно одржување. Во гостување на телевизијата Блиц, тој истакна дека изборниот процес наесен е многу поверојатна опција отколку пораните термини. Одиме на избори оваа година, а еве тие победуваат со огромна предност, тоа е вистина. Мислам дека изборите ќе бидат наесен, тоа е поверојатна опција, изјави Вучиќ во коментар за политичките прилики во земјата. Претседателот не ја исклучи можноста дополнително да го забрза процесот преку поднесување оставка од функцијата претседател на Србија. Доколку се случи…
Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со сослушување на оштетени и сведоци. Судијката Дијана Груевска се обрати до семејствата на жртвите и ги повика на ред и дисциплина во судницата. „Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го отежнува спроведувањето на постапката по закон. Сите обвинети имаат право на браниители, тоа е законско и уставно право, и вие утре ако имате потреба од адвокат, кај овие луѓе ќе се јавите“, кажа судијката. Таа додаде дека досега има судено и други предмети, вклучувајќи го…
Денешното судско рочиште за случајот Пулс започна со задоцнување од еден час, што предизвика видлива нервоза во судницата и остра реакција на судијкатта. Причина за одложениот почеток беше ненавременото пристигнување на полицискиот спровод од Тетово. Веднаш по влегувањето во судницата, судијката побара итно објаснување за доцнењето и упати директни критики кон полициските службеници за ненавременото пристигнување во судница.
На 25.01.2026 во периодот од 14:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола. При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат. Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје санкционирани се 37…
На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на влез за с.Непроштено, се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“…
