Author: Author 03

Од овој конгрес испраќаме една порака што треба да одекне низ секој град, секое село, секое семејство и секое срце: Македонија може, Македонија знае, Македонија ќе успее. Со визија, со работа, со единство. Со сила што не се гледа само во говори, туку во секојдневното креирање просперитет. Нашата задача не е да ветиме иднина, туку да ја создадеме. А, ако стоиме цврсто, обединети и сигурни во правецот, тогаш иднината ќе личи на нас, а не ние на неа, рече во своето воведно обраќање на денешниот XVIII конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски. Додаде дека денес се затвора една етапа на…

Повеќе

На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Т.(46) од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички го нападнал Г.Т., по што, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со О.П., двајцата од Охрид.Во текот на службените разговори во СВР Охрид, С.Т. кон полициските службеници, упатувал навреди и закани. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска. Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски,…

Повеќе

На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.„Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030“ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт“, кажа Мицкоски.Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на…

Повеќе

Вонредна информација за обилните врнежи – до 12:00 часот. Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата низ државата е стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд.•Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион: нема нарушувања на редовната состојба.•Битолски регион: водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање.•Струмички регион: нема врнежи; сообраќајот на ГП Богородица/Евзони ќе биде блокиран во интервали поради штрајк на грчките земјоделци (10–14 ч. и 18–22 ч.).•Кратово: слаби и повремени врнежи. УХМР: претпладне облачно со локален дожд, попладне стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Температури од 9 до 13°C; во Скопје…

Повеќе

Под влијание на висок воздушен притисок, во текот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму информираат дека во претпладневните и вечерните часови во одделни котлини ќе има појава на магла, каде температурите ќе останат пониски. Денеска ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува од северен правец. Максималните дневни температури ќе достигнат од 9 до 13 степени. Во Скопје ќе биде облачно, со можен слаб дожд…

Повеќе

-Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината, рече во своето видео обраќање на присутните на Конгресот, Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа укажувајќи дека иднината на Македонија е во Европа. Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им…

Повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно ќе биде затворен за сите видови на возила поради штрајкот на грчките земјоделци. Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.

Повеќе

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес. „Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации“, истакна Мицкоски. Додаде дека овој премин бара системски реформски циклус во повеќе…

Повеќе

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање и се осврна на темата за државноста. Тој истакна дека наследството за јазик, државност и културната самобитност создаваат три обврски за денешната генерација, а самото историско наследство е најсилен мотив државата да биде поефикасна и поорганизирана. ,,Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска. Од Илинденската идеја, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година, секоја генерација ја…

Повеќе