Author: Author 03

Британската влада подготвува револуционерен план за трансформација на полицискиот систем. Наскоро ќе биде претставена нова полициска единица, по примерот на американското ФБИ, која ќе биде задолжена за најсложените истраги и борбата против организираниот криминал. Обединување на силите против тероризмот и измамите Новото тело ќе ги централизира постојните ресурси кои во моментов се распрскани низ различни агенции. Главниот фокус ќе биде ставен на: Махмуд: Сегашниот модел е „изграден за друг век“ Министерката за внатрешни работи, Шабана Махмуд, истакна дека оваа реформа е неопходна бидејќи локалните полициски сили често немаат капацитет за софистицираните криминални закани на денешницата. „На некои локални сили им…

Повеќе

Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што напиша, дури и во периоди на тензии, при што јасно се утврдуваат црвените линии. -Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. Откако  А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени.

Повеќе

На денешен ден, 25 јануари, Македонија и Балканот се потсетуваат на ликот и делото на Тоше Проески. На денот кога легендарниот пејач требаше да наполни 45 години, неговото семејство и фановите со огромна љубов го чуваат споменот за него. Традиција на љубовта Неговата сестра, Дора, и оваа година остана доследна на својата традиција со која го одбележува роденденот на својот брат. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија од роденденска торта која носи длабока симболика. Тортата е елегантна со бела основа со и со златни детали.Украсена со големи бели ангелски крилја, асоцирајќи на епитетот „ангел“ кој го следеше Тоше низ целата…

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки во кое, пријавениот се превезувал а извршена кај месноста „Битолска раскрсница“ во близина на Кичево,  пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. Ф.Б. беше лишен од слобода и задржан во полициската станица во Кичево.

Повеќе

На 24.01.2026 година во 14 часот, во авто-електричарски сервис лоциран на регионалниот пат Кичево-Осломеј, избувнал пожар. Пожарот во кој нема повредени лица, предизвикал материјална штета на дел од опремата во сервисот како и на едно патничко моторно возило „Фиат Линеа“ а бил целосно изгаснат од територијалната противпожарна единица од Кичево.

Повеќе

На 24.01.2026 година во 15.30 часот, на пресекот на улиците „Рудничка“ со „Борис Кидриќ“ во Кичево, две лица физички го нападнале Д.К.(49) од Кичево. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што против сторителите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

На 24.01.2026 година во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешакот Б.С.(49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото. Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена. „Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа X. Унгарскиот премиер претходно во четвртокот го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, според извештаите од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската Влада и него лично“. „Зеленски вели дека поддршката…

Повеќе

Од денеска стапуваат на сила мерките што ја ограничуваат слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија, а кои имаат за цел да се спречи шпионажа и ширење дезинформации. Кога патуваат низ Шенген зоната надвор од земјата домаќин, руските дипломати и конзуларни службеници, како и нивниот персонал и членови на семејството, сега ќе мора да ја известат земјата на дестинација и сите транзитни земји најмалку 24 часа пред патувањето. Земјите-членки, исто така, можат да воведат постапка за поднесување барање за влез или транзитно овластување за да можат да го забранат нивното движење во случај на сомневање. Патувањето во земјата…

Повеќе