Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

    Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата

    16.06.2026 во 22:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во свечена и масовна атмосфера и со големо присуство на делегати, активисти, функционери и поддржувачи, денес во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на политичката партија ВЛЕН.

    Ова Основачко собрание е продолжение на Конгресот на обединувањето и означува важна етапа во консолидацијата на ВЛЕН како обединет политички субјект. 

    Денешното собрание го потврди единството на структурите, енергијата на членството и посветеноста за продолжување на политичкото дејствување во служба на граѓаните.

    На присутните им се обратија копретседателите на ВЛЕН и други претставници на партијата, кои ја истакнаа важноста на овој момент за иднината на субјектот, за зајакнувањето на партиската организација и за продолжување на ангажманот на сите нивоа.

    Копретседателот на ВЛЕН, Билал Касами, во своето обраќање ја нагласи важноста на Основачкото собрание во процесот на консолидација на ВЛЕН.

    „Денес правиме уште еден важен чекор на патот на обединувањето и консолидацијата на ВЛЕН“, истакна Касами.

    Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, оцени дека Основачкото собрание претставува значајна етапа во политичкото и организациското зајакнување на субјектот.

    „Ова Основачко собрание го претставува следниот чекор кон консолидацијата и зајакнувањето на ВЛЕН како политички субјект на Албанците во Република Северна Македонија“, изјави Меџити.

    Во своето обраќање, потпретседателката на ВЛЕН, Мимоза Муса, ја истакна определбата на ВЛЕН за обединување и заштита на интересот на граѓаните.

    „Во време кога многумина инвестираат во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога политиката често се мери со тесни интереси, ние го избравме интересот на граѓаните“, рече Муса.

    Основачкото собрание потврди дека ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко дејствување, со посилна организација и посветеност за продолжување на работата на централно и локално ниво.

    Со енергијата и поддршката на членството, ВЛЕН ќе продолжи да работи во секој дел од државата, со цел да одговори на очекувањата на граѓаните и да креира политики што ќе го подобруваат нивниот секојдневен живот.

    Основачкото собрание заврши во атмосфера на единство, со порака дека ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко организирање, со посилна структура и непрекината посветеност во служба на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.