- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Министерот за економија и труд на Република Северна Македонија оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. г. Кристоф Зомер, на која беа разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. На средбата беше ставен посебен фокус на зголемување на трговската размена, поттикнување на швајцарските директни инвестиции, како и продлабочување на соработката во областа на одржливиот економски развој и креирањето работни места. Министерот истакна дека, и покрај добрите политички и дипломатски односи меѓу двете земји, постои значителен неискористен потенцијал за поинтензивна економска соработка, особено во производството, индустријата, иновациите и зелената економија. Во тој контекст,…
Конгресот на некогаш моќниот СДСМ во саботата на 24 јануари наликуваше најмалку на политички настан. Тоа беше изведба на една одамна напишана, слабо режирана и безброј пати репризирана претстава. Театар на апсурдот во кој сцената е полна, а смислата отсутна, пишува актерката Софија Куновска, поранешен висок функционер на СДСМ. -Првиот чин започна со монологот на „главниот лик”. Наместо автентичен политички говор, добивме хибридна конструкција, склопена од алгоритам и носталгија. Комбинација од вештачка интелигенција и механички пресликан говор на Бранко Црвенковски од 8 октомври 2009 година, од Универзалната сала, кога одекна прочуеното „Или си СДСМ или не си”. Денес, таа реплика…
Малото гратче Хендерсон во Ајова, кое во пошироката јавност е познато по необичниот годишен Фестивал на пржени животински тестиси, деновиве е во фокусот на американските медиуми поради својата нова градоначалничка. Дваесетгодишната Ева Фипс стана најмладата личност на оваа функција во моментов во САД, но и во целокупната историја на земјата. Во интервју за Ју-ес-еј тудеј, Фипс сподели дека нејзината намера не била да стане дел од историјата, туку едноставно да му помогне на своето место. Не мислев дека ќе бидам дел од американската историја, мислев само да го водам мојот мал град, но сум толку горда на себе што не…
Крвав инцидент го потресе централно Мексико во неделата, откако група вооружени напаѓачи отворија оган на фудбалско игралиште. Локалните власти потврдија дека во нападот загинале најмалку 11 лица, додека 12 други се ранети и се наоѓаат под медицинска нега. Трагедијата се случила во градот Саламанка, токму во моментите кога завршувал фудбалски натпревар. Градоначалникот на градот, Сезар Прието, за медиумите изјави дека нападот бил ненадеен и брутален. Според официјалните податоци, десет лица починале на самото место, додека едно лице подоцна им подлегнало на повредите во болнички услови. Меѓу повредените, според потврдата на градоначалникот, се наоѓаат и една жена и еден малолетник. Градоначалникот…
Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за Њујорк пост, откри нови детали за операцијата насочена кон апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Според неговите тврдења, американските сили во текот на акцијата користеле софистицирано тајно оружје кое целосно ја онеспособило одбраната на Венецуела. На прашањето дали САД примениле технологија со енергетски импулси, Трамп потврди дека бил употребен уред што тој го нарече Дискомбобулатор, со цел да се неутрализира воената опрема на непријателот. Дискомбобулатор. Немам право да зборувам за тоа, посочи Трамп, појаснувајќи дека оваа технологија предизвикала венецуелското оружје едноставно да престане да функционира во клучните моменти од операцијата. Претседателот на САД…
СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на часовниците на претседателот Мицкоски. Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ утрово дека Мицкоски носи најскапи часовници меѓу НАТО политичарите. Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси и работење…
Во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените. Овој судски процес продолжува по одложувањето на претходното рочиште, кое беше побарано од бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски. Неговата адвокатка, Сузана Јошевска-Анастасовска, во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот совет, што наложи прилагодување во одбраната. На последното рочиште одржано во декември, атмосферата во судницата беше исполнета со солзи и болни…
Овој протест е само почеток доколку не ги зголемат Вашите плати и доколку продолжат да го газат Вашето достоинство. Затоа, Сојузот на синдикатите на Македонија организира Протест со главна цел: – Зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра. Протестот започнува на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот пред Работнички дом (зграда на ССМ на ул. Мирче Ацев бр.6) во Скопје, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Македонската Влада. ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра, стои во соопштението…
Страшна несреќа ја потресе Грција утрово, откако во големиот пожар што избувна во познатата фабрика за бисквити „Виоланда“ во градот Трикала, животот го загубија три жени. Спасувачките екипи и понатаму трагаат по уште две вработени кои се водат како исчезнати. Експлозии во ноќната смена Пожарот избувнал околу 4 часот по полноќ, за време на ноќната смена во која работеле 13 вработени во погонот за производство и печење. Според сведоштва на локалните жители, огнот бил придружуван од серија силни експлозии. Состојба на повредените Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, во изјава за телевизијата „Скај“ потврди дека во болницата во Трикала…
Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните наград Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водатаза пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 зема 150примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода запиење од 42 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ наПравилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весникна РМ, бр.183/18).
