Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Трагедија во Будва: Тело на младо лице извлечено од Јадранското Море

    13.02.2026 во 11:42

    Трамп им го одзема државјанството на Американците родени во странство

    13.02.2026 во 11:36

    Мицкоски во Минхен со менаџментот на „Lidl“ и „Kaufland“: Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири

    13.02.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Трагедија во Будва: Тело на младо лице извлечено од Јадранското Море
    • Трамп им го одзема државјанството на Американците родени во странство
    • Мицкоски во Минхен со менаџментот на „Lidl“ и „Kaufland“: Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири
    • Нов скандал го тресе Лувр: Уапсени вработени и водичи за масовна измама со билети, запленети стотици илјади евра
    • Трагедија во Унгарија: Се запали хотел, има загинати и голем број повредени
    • (ФОТО) Герасимовски: Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме  дивидепонии и небезбедни напуштени објекти
    • ОЈО Струга отвори предмет за загадената вода: Ќе се врши увид на изворите во село Шум
    • Денеска и утре е Задушница – ден за помен на упокоените
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе се сослушуваат сведоци и законски застапници на оштетените: Продолжува судење за пожарот во Пулс

    Ќе се сослушуваат сведоци и законски застапници на оштетените: Продолжува судење за пожарот во Пулс

    26.01.2026 во 10:00
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените.

    Овој судски процес продолжува по одложувањето на претходното рочиште, кое беше побарано од бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски. Неговата адвокатка, Сузана Јошевска-Анастасовска, во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот совет, што наложи прилагодување во одбраната.

    На последното рочиште одржано во декември, атмосферата во судницата беше исполнета со солзи и болни лелеци додека семејствата на загинатите ги слушаа потресните сведочења на мајките. Додека сведоците низ болка порачуваа дека по 16 март нивниот живот засекогаш се променил, обвинетите молчеа со наведнати глави.

    Обвинителот Борче Јанев во своето воведно излагање порача дека ова судење е чекор кон утврдување на лична, но и на институционална одговорност. Според него, општеството мора да дознае кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата. Тој посочи дека не е важен само тој што го запалил огнот, туку и сите што имале можност да го спречат, нагласувајќи дека долгогодишните системски пропусти и недостигот на контрола го претвориле објектот во смртоносна стапица. Јанев подвлече дека правдата се бара како последица на незаконитост и занемарена должност, а не како чин на одмазда.

    Од друга страна, повеќемина обвинети преку своите адвокати ја оспорија основаноста на обвинението. Нивната одбрана тврди дека обвинетите не презеле дејствија што директно довеле до пожарот и дека поседувале валидна документација. Тие вината ја префрлаат на институционалните пропусти. Сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов, истакна дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот, додека неговиот син Михаил тврди дека против него нема докази и дека е обвинет само поради семејната поврзаност. Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина.

    Трагедијата се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Истрагата покажа дека во дискотеката имало прекумерен број посетители и дека пиротехнички средства биле активирани без соодветна дозвола. Покрај тоа, беше утврдено дека објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови и без соодветен систем за противпожарна заштита.

    Популарно

    Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од ВЛЕН, ќе одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна

    12.02.2026 во 23:58

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Македонец запалил пицерија во Белград, па наместо да бега им праќал снимки на газдите

    13.02.2026 во 10:14

    САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија

    13.02.2026 во 00:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.