- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја репотврди својата амбиција Украина да стане полноправна членка на Европската Унија до 2027 година. Иако дел од владите на земјите членки изразуваат скепса за вака забрзана временска рамка, Зеленски смета дека овој чекор е од суштинско значење за стабилноста на континентот. Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, не само за нас, туку и за цела Европа, напиша Зеленски на својот Телеграм канал. Тој додаде дека колективната сила на Европа е можна токму благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес што Украина може да го понуди. Пораката на украинскиот…
На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности. Владата денес направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот интерес. Формиравме работна група за воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на т.н. стратешки тужби против јавното учество, тема за која со години зборуваат и бараат новинарите и медиумската заедница. Ова е јасен сигнал дека оваа Влада има слух, храброст и проактивност да…
Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет. И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет,…
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми. Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоар, а потоа и во дрво. Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти. Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со…
Прекршоци и санкции во рамки на проектот „Безбеден град“ Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)• до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни…
Музејот Лувр денеска остана затворен по четврти пат од почетокот на штрајкот на дел од персоналот, кој бара подобри работни услови од средината на декември, соопшти парискиот музеј. Најпосетениот музеј во светот одржа неколку рунди преговори со Министерството за култура и управата на музејот, но решение не е на повидок, пренесува „Фигаро“. На генералното собрание, најмалку 300 вработени утрово гласаа за продолжување на штрајкот кој почна на 15 декември за да се укаже на недостигот на персонал и разликите во платите во однос на другите вработени во Министерството за култура, соопштија синдикатите ЦГТ и ЦФДТ. – Она што ни треба…
Поранешниот американски претседател Барак Обама беше меѓу оние што го осудија второто фатално пукање врз цивил од страна на американските службеници за имиграција во рок од две недели, изјавувајќи вчера пред граѓаните дека имаат право да бидат огорчени, јави ДПА. „Убиството на Алекс Прети е тешка трагедија. Исто така, треба да биде повик за будење за секој Американец, без оглед на партијата, дека многу од нашите основни вредности како нација се сè повеќе нападнати“, рече Обама во објава на X како одговор на пукањето во американскиот град Минеаполис во саботата. „Веќе со недели, луѓето низ целата земја со право се…
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонио Милошоски денеска на седницата на претставувањето на приоритетите на кипарското претседателство, побара од амбасадорот на Кипар за земјава Андреас Фотиу да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите кои за денеска најавија блокада на границите кон ЕУ. -Амбасадоре, на 17 декември 2025 комесарката Марта Кос потпиша Меморандум за побрза интеграција и за побрз и непречен транспорт со земјите од Западниот Балкан, но вклучително и со Молдавија, Грција, Бугарија, Италија. Овој меморандум е во склад со политиката на ЕУ за Планот за раст, чија цел е како да се создаде…
Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“ повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка. Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од „синдром на заклучување“ или псевдо-кома, што се однесува на способноста да реагира на околината и да комуницира со другите само со трепкање и движења на очите. Неколку извори изјавија дека оваа информација е неточна. – Невозможно е да…
До архивата на Собранието до денеска пристигнале вкупно четири пријави на огласот за избор на нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. Од собраниската прес-служба ја потврдија бројката на пријавени кандидати, но засега не откриваат детали за нивниот идентитет. Рокот за пријавување, согласно законските одредби, официјално истекува денеска на полноќ. Меѓу оние кои веќе ја потврдија својата кандидатура е поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во својата пријава поднесена на 21 јануари, тој наведува дека ги исполнува сите општи и посебни услови утврдени со Законот за јавно обвинителство. Панчевски до надлежните органи доставил целосна документација и докази за…
