Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката
    • Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја
    • Семејна драма во Македонска Каменица: Ја тепала свекрвата па со нож го погодила свекорот
    • Трагедија во Охрид: Паднал од бандера и починал
    • Над 30 земји бараат свои исчезнати државјани во Непал
    • Родителите носеле појаси а децата не – словенечките медиуми со реконструкција на сообраќајката
    • Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија
    • Очекувам младите да се вратат – ни на Запад животот веќе не е како порано
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД

    Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД

    26.01.2026 во 15:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.

    Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоар, а потоа и во дрво.

    Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.

    Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

    Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија локалните власти, додавајќи дека жртвите се на возраст од 60 до 84 години. Тие ги потсетија жителите да бидат внимателни при чистење снег, особено луѓето со историја на срцеви заболувања или други медицински проблеми.

    Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.

    Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.

    Прочитај повеќе

    Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја

    28.08.2026 во 14:56

    Над 30 земји бараат свои исчезнати државјани во Непал

    28.08.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.