Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе нема струја 5 часа – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Колку и како заработувале граѓаните лани – денеска презентација на податоците од УЈП
    • Уживајте во сонцето додека можете – Пред нас многу лош пресврт со времето
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трка за државен обвинител: Четворица кандидати во игра, рокот истекува на полноќ

    Трка за државен обвинител: Четворица кандидати во игра, рокот истекува на полноќ

    26.01.2026 во 14:082 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До архивата на Собранието до денеска пристигнале вкупно четири пријави на огласот за избор на нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. Од собраниската прес-служба ја потврдија бројката на пријавени кандидати, но засега не откриваат детали за нивниот идентитет. Рокот за пријавување, согласно законските одредби, официјално истекува денеска на полноќ.

    Меѓу оние кои веќе ја потврдија својата кандидатура е поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во својата пријава поднесена на 21 јануари, тој наведува дека ги исполнува сите општи и посебни услови утврдени со Законот за јавно обвинителство. Панчевски до надлежните органи доставил целосна документација и докази за неговиот професионален стаж во областа на кривичното право.

    Покрај него, пријавување за највисоката обвинителска функција најави и Мустафа Хајрулахи, поранешен виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство.

    Потребата од нов државен јавен обвинител се појави откако Љупчо Коцевски во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. Во меѓувреме, со институцијата раководи Анита Тополова-Исајловска, која беше назначена за вршител на должноста.

    Според процедурата, Собранието по комплетирањето на листата ќе ги препрати кандидатурите до Владата, која пак мора да побара мислење од Советот на јавни обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложено мислење за секој од пријавените кандидати. Доколку ниту еден од кандидатите не добие позитивна оцена од Советот, Владата нема да може да утврди предлог и ќе побара од Собранието да распише нов оглас.

    Кандидатите кои претендираат на оваа функција мора да имаат најмалку 10 години непрекинат работен стаж како судии или јавни обвинители во областа на кривичното право.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

    20.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.