Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Хрватска: Побарав поддршка за решавање на проблемите на превозниците

    Николоски од Хрватска: Побарав поддршка за решавање на проблемите на превозниците

    28.01.2026 во 17:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски, кој денеска во рамки на работната посета на Загреб оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска.

    Средбата е од големо значење заради потенцирање на проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан, а се со цел обезбедување на силна подршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската евиденција и работната активност во шенген зоната.  

    Ваквата состојба претставува сериозна закана за економската стабилност и развој доколку не се изнајде решение, порача Николоски. 

    На средбата се разговараше и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји.

    “Навистина ми е драго што денеска сме во посета на Стопанската комора на Хрватска една респектабилна институција која има огромна традиција и навистина ми е драго што Комората е добар мост за соработка меѓу компаниите во двете држави. Ние имаме одлична соработка, политчките односи се на највисоко ниво и тие односи мора да бидат следени со интензивни економски односи и затоа е значајно да се искористат двете стопански комори, да се спојат двете стопанства и бизнисите да соработуваат меѓу себе. Во таа насока се надевам дека трговската размена ќе расте, се надевам дека ќе достигнеме до половина милијарда евра, а во перспектива да таргетираме и до 1 милијарда евра размена. Она за што зборувавме и големиот проблем што го засега целиот регион, а се однесува за превозниците. Информирав за состојбата за Македонија и регионот и се надевам дека ЕУ ќе изнајде решение се со цел да не се третираат професионалните возачи како туристи или мигранти, да се третираат како професионалци и на тој начин да можат да ја вршат својата работа. Се различно од ова ќе значи сериозен удар не само за македонската и регионална економија туку и врз економијата во цела Европа, имајќи предвид дека бројни компании се извозно ориентирани и извезуваат, а исто така и бројни компании во рамки на ЕУ ги користат нашите производи. Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, да ова прашање се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците”- изјави вицепремиерот Николоски по средбата.   

    Имавме доста теми на кои разговаравме. Она што сакам да истакнам е добрата економска соработка која бележи околу 330 милиони евра. Има голем потенцијал за развој, потенцијалот е огромен и треба директно да соработуваме за да ја подигнеме оваа размена. Секако значајна е инфраструктурата која доста се работи во Македонија, а и ние сме во замав. Зборуваме и за развој на железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем и секако постои голем потенцијал за соработка меѓу нашите и македонските компании”-изјави Буриловиќ.

    Прочитај повеќе

    Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

    09.06.2026 во 13:30

    Премиерот: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

    09.06.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.