Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДОМ: Поддршка за повисоки плати, но со одговорен економски пристап

    ДОМ: Поддршка за повисоки плати, но со одговорен економски пристап

    28.01.2026 во 17:16Updated:28.01.2026 во 17:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја препознава реалната состојба на ниски плати и растечка сиромаштија со која се соочуваат голем број граѓани и ја поддржува потребата од отворање сериозна јавна и институционална дебата за подобрување на животниот стандард на работниците. Во таа насока, ДОМ дава поддршка на денешните протести и на заложбите на синдикатите за подостоинствен живот за сите работници.

    Истовремено, сметаме дека прашањето за зголемување на минималната плата, вклучително и предлогот таа да изнесува 600 евра е комплексно и треба да се базира на пресметки кои ја одразуваат состојбата на сите засегнати страни во тој домен. Потребно е внимателно да се согледаат реалните економски ефекти, вклучително и можниот притисок врз работодавачите, особено малите и средни претпријатија, како и ризикот од дополнително подгревање на инфлацијата што може да ја намали реалната вредност и на таа повисока плата.

    Ова прашање отвора и пошироки структурни предизвици на пазарот на труд кои мора да се адресираат како дел од суштинско и долгорочно решение. Факт е дека во Македонија постојат и структурни искривувања на пазарот на труд кои мора да се адресираат: различни модели на формално пријавување со минимални примања, неусогласеност меѓу реалната економска активност и официјално прикажаните приходи, како и други појави кои го прават системот нефункционален и социјално неправеден.

    Ниските плати и сиромаштијата се реален и сериозен проблем, но решенијата треба да бидат внимателно осмислени  за да не се создадат дополнителни економски ризици и несигурност – и за работниците и за работодавачите.

    Сметаме дека е потребно реално, системско и социјално праведно решение, засновано на дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и институциите. Ова е надпартиско прашање кое не смее да биде предмет на дневно-политички препукувања, туку заедничка одговорност за обезбедување одржлив и достоинствен животен стандард за граѓаните. Во таа смисла уште еднаш изразуваме поддршка на барањата на синдикатите и ги повикуваме сите општествени и политички чинители да седнат на маса и да обезбедат системско и праведно решение кое ќе го поддржи животниот стандард на сите граѓани, но и целокупниот економски развој на нашата држава, велат од ДОМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.