- Приведена битолчанка, нападнала полицајци додека работеле на терен
- Сиљановска-Давкова: Обидот за релативизирање на ветото во ЕУ е позитивен исчекор, нашите пречки се ирационални
- По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
- Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
- Потпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра
- Владата го изгласа „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе се применува на Ќафасан
- Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта
- По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон
Author: Author 03
Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара. Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски…, обвинуваат од СДСМ. Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле. За производство…
По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, во секоја пора на општеството. Околу темата за канабисот, Филипче пред неколку дена на национална телевизија беше видливо нервозен и конфузен, а Заев пак никна на социјалните мрежи со статуси кои…
Владата на Мицкоски директно им одзеде 40 милиони евра на земјоделците. Субвенциите ги намали од 140 на 100 милиони евра, обвинуваат од СДСМ. Власта удри врз маката, трудот и егзистенцијата на илјадници земјоделски семејства кои произведуваат храна и ја одржуваат домашната економија. Додека земјоделците се борат со зголемени трошоци, скапа нафта, ѓубрива и механизација, владата крати таму каде што најмногу боли – кај луѓето што работат и создаваат од македонската земја и сонце. Зошто? Да има повеќе пари за милионски тендери за фирмите блиски до власта, за однапред договорени јавни набавки преку кои се испумпуваат парите на граѓаните. 40 милиони…
Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21, Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6, Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2…
Поради врнежи од снег од 07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка. По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска учествуваше на јавната дебата посветена на новиот предлог-закон за средно образование. Според неа, постојното законско решение е застарено и не одговара на потребите на современиот образовен систем, поради што се неопходни суштински промени. Клучните столбови на новиот закон вклучуваат унапредување на средното стручно образование, воведување на концептот за дуално образование како системско решение, како и зголемена автономија на училиштата. Министерката истакна дека целта е да се создаде кадар кој ќе биде директно подготвен за пазарот на труд, но и да се овозможи квалитетна подготовка за оние кои планираат да продолжат на високо…
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност. Наспроти тоа, нето минималната плата во државата изнесува 24.379 денари, што значи дека работник кој зема минимална плата добива само 17 проценти од…
На денот кога лозарите го одбележуваат Св. Трифун – симболот на македонското лозарство и винарство – сведоци сме на нетранспарентни и задоцнети мерки. Го прашуваме министерот за земјоделие дали имавме рекордна цена или задоцнета мерка за проблем кој постои веќе втора година? Винскиот сектор носи околу 20% од бруто земјоделското производство и претставува еден од клучните извозни адути на државата. Одлуката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија од реколта 2025, отвора сериозни дилеми – без објавена економска анализа, без проценка на пазарните ефекти и без јасни критериуми кои…
Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ- ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“. Со овој традиционален чин симболично беше означен…
Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, од нив двајца малолетници. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои четири во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола. Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои…
