- Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија
- 5 активни пожари во државата – пожарникарите храбро се борат со стихиите
- Ер трактор гасне во Велес – пожарот беснее близу затворот
- Седуммесечно бебе оставено на клупа во парк во Скопје
- СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е 0
- Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
- Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
- Муцунски се сретна со британската колешка: Во фокусот – спроведувањето на Договорот Влада со Влада
Author: Author 03
Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) денеска објави дека поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, кој поднесе оставка лани по откривањето на голем корупциски скандал, е приведен на границата додека се обидувал да ја напушти земјата. „Денеска, истражните тела на НАБУ го приведоа поранешниот министер за енергетика како дел од операцијата Мидас додека се обидувал да ја премине границата“, се вели во соопштението на НАБУ. Операцијата Мидас, на која се осврна антикорупциското тело во своето соопштение, беше спроведена за да се истражи корупциски скандал во енергетскиот сектор на Украина во текот на изминатата година. Герман Галушченко, чие…
Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДС и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со законски измени по своја мерка и со целосно занемарување на безбедносните стандарди, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо да се подобрат условите во постојните болници и да се обезбеди сигурност за пациентите, тогашната влада на СДС по итна постапка го измени Законот за градење. Модуларните болници тогаш беа ставени во категорија „урбана опрема“, со што се заобиколија редовни постапки и контроли. Одобрението за поставување го…
На 15.02.2026 во 02:15 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.П.(34) од Кичево кој претходно, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.02.2026 во 18:55 часот пред спортски центар во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода од слобода е П.Д.(20) од Охрид затоа што претходно физички нападнал 15 – годишник од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“. Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани затоа што управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, еден возач во гевгелиско управвуал возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните…
Состојба по обилните врнежи од дожд до 12:30 часот Кичевски регионВо текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка река на улица „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“.Регистрирано е и заезерување на улица „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево.На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби. Известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување.Во…
Доколку грижата за здравјето на срцето е една од вашите цели, веројатно веќе ги знаете основите: избегнувањето пушење, редовното вежбање и јадењето растителна храна се начини за поддршка на вашиот кардиоваскуларен систем. Добрата вест е дека здравите навики за срцето имаат корист за целото ваше тело. Она што е добро за вашето срце е добро и за вашиот мозок, варењето и сите ваши други органи. На пример, бројни научни студии покажуваат дека диетата DASH, дизајнирана за намалување на крвниот притисок, е поврзана и со помал ризик од Алцхајмерова болест. Сепак, постои една важна утринска навика што многу луѓе ја занемаруваат,…
По повод одбележувањето на значајната 62 годишна традиција на Уставниот суд, кој 15 февруари 1964 година прв пат почна со работа, Судот ги повикува сите заинтересирани граѓани на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски. Средбите, ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот. Целта на овие средби е да се приближи работењето на Уставниот суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права, како и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци до Судот. Ова е уникатна можност секој граѓанин одблизу да се запознае со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита…
Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта. 74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје. Наглиот раст на склучени договори започнува во 2024 година, продолжува 2025 па се до денеска, изјави на денешната прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Тој вели дека само минатата година, 59 склучени договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО – ОКГ. „Симптоматично, вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите. Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки. 161…
