- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Канадскиот пејач Џастин Бибер на својот Инстаграм профил сподели емотивни пораки, потсетувајќи се на предизвиците во кариерата и личниот живот. Бибер призна дека поминувал низ болка и стрес во музичката индустрија, но дека денес е на пат кон исцелување, прошка и лична обнова. Тој истакна дека за него Божиќ има големо значење, празник за љубов, прошка и време за размислување, што всушност очекуваш од животот. Воедно пејачот ни открива дека е тешко да се справиме со гневот и огорченоста. -Се надевам дека каде и да се наоѓате, ќе ја почувствувате љубовта која нè сретнува токму таму каде што сме, без…
Денес во ЗОО Скопје славиме голем јубилеј, 30 години од раѓањето на нашето сакано шимпанзо Коко, еден од најпрепознатливите и најомилените жители во нашата зоолошка, стои во објавата на скопската ЗОО.. „По тој повод, неговата зоонегувателка Александра му подготви специјална роденденска торта направена исклучиво од здрава, природна храна, како и кутии со изненадувања што Коко со љубопитност и радост ги отвораше заедно со другарот Изи Хартијата во која беа завиткани подароците е од целулоза и е целосно безбедна и нештетна за шимпанзата. Како еден од најинтелигентните примати, Коко секојдневно не потсетува колку се блиски луѓето и шимпанзата и колку е…
Шестоседницата на Ски Центарот Попова Шапка од утре ќе бииде во целосна функција и отворена за панорамски прошетки, информираат преку социјалната мрежа ФБ. „Информираме дека почнувајќи од утре, шестоседната жичница ќе биде во целосна функција и отворена за панорамски прошетки, нудејќи им на посетителите уникатно доживување и прекрасни погледи кон нашата планинска околина“, стои во соопштението на ски центарот Попова Шапка. „Во однос на климатските услови, истите остануваат непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар. Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека денеска имал, како што рече, „добар разговор“ со специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер. – „Ви благодарам за конструктивната, интензивна работа и за убавите зборови и божиќните честитки до Украинците. Работиме навистина 24/7 за да се приближиме до крајот на оваа брутална руска војна против Украина и за да ги направиме сите документи и чекори реалистични, ефикасни и сигурни,“ напиша Зеленски на Фејсбук. Тој додаде дека постојат добри идеи кои би можеле да доведат до заеднички исход и траен мир, пренесе…
Времето утре наутро ќе биде претежно облачно, а во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат во интервал од -2 до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со температури од 2 до 7 степени. Во наредниот период следува стабилно,…
Традиционалната празнична прослава на Коледе во Лерин (Флорина) беше засенета од политичка интервенција, откако градоначалникот Василеос Гианакис издаде забрана за пеење на македонски јазик за време на настанот. Инцидентот се случил за време на настапот на музичкиот бенд „Ендопика“, кој планирал да ја изведе македонската народна песна „Софка на татко“. Според наводите, музичарите добиле јасно упатство од градските власти дека: – Забрането е пеење на македонски јазик.– Песната смее да се изведе исклучиво инструментално. Оваа одлука, според реакциите, го претвори културниот настан во пример на цензура и притисок врз македонското малцинство. За активистот за правата на Македонците во Грција, Павле…
Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа својата 28-ма седница, на која беа донесени повеќе одлуки од негова надлежност. Седницата ја водеше заменик-претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој на почетокот му го даде зборот на директорот на Фондот, Никола Мемов, за да ги информира членовите за активностите реализирани помеѓу двете седници. Директорот Мемов истакна дека редовните активности на Фондот се одвиваат непречено и без проблеми, при што посочи дека на 1 декември навремено е исплатена ноемвриската пензија. Тој ги информираше членовите на Управниот одбор и за работната средба со Фондот на ПИО на Црна Гора, која се одржала од…
Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството за односи со заедниците тврди министерот Иван Стоилковиќ на социјалните мрежи. „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша во описот на видеото министерот. Видеото погледнете го ТУКА.
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се ставени под портокалов степен на метеоролошка тревога поради силно невреме што се очекува да трае до сабота, 27 декември, соопшти „Метео Франс“. Горна Корзика и Источните Пиринеи се под предупредување за обилни врнежи и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува значителен пораст на водостојот на реките, пренесува телевизијата БФМ. Од „Метео Франс“ наведуваат дека предупредувањето за поплави е издадено превентивно, со проценка дека поради интензивните дождови може да дојде до излевање на водотеците, особено во јужниот дел на Франција, во регионот Русијон. Во…
Руската Федерација назначи нов амбасадор во Скопје. Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој Дмитриј Зиков е именуван за нов извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија. Информацијата е официјализирана преку документ објавен на рускиот официјален интернет портал за правни акти. Според текстот на указот: „Зиков Дмитриј Константиновиќ се именува за извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.“ Зиков стапува на функцијата во период на затегнати дипломатски односи меѓу двете земји, со оглед на тоа што Северна Македонија е на списокот на „непријателски држави“ на Русија.
