Author: Author 03

Европската Унија воведува строги правила за справување со вишокот текстилни производи, забранувајќи го уништувањето на непродадената облека и обувки. Оваа одлука е дел од пошироката стратегија на ЕУ за поттикнување на кружната економија и намалување на негативното влијание на модната индустрија врз животната средина. Според новата регулатива, големите компании повеќе нема да смеат да ги палат или фрлаат на депонии производите што останале во магацините. Наместо тоа, ќе мора да најдат начини за нивно рециклирање, повторна употреба или донирање. Компаниите ќе имаат обврска и јавно да објавуваат податоци за тоа колкаво количество стока отфрлаат секоја година и зошто. Целта на…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни – соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се…

Повеќе

Двајца преживеани се единствениот биланс по најновата мигрантска трагедија што се случи во Средоземното Море кај брегот на Либија. Според информациите од меѓународните организации, во гумениот чамец кој доживеал бродолом се наоѓале вкупно 55 мигранти. Преживеаните биле спасени во критична состојба и веднаш биле пренесени на лекување. Тие сведочеле за ужасните моменти кога нивното пловило почнало да прима вода и набрзо потонало, оставајќи ги останатите патници во немилост на морето. Хуманитарните организации кои работат на оваа рута повторно алармираат за огромниот ризик на кој се изложени мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа со небезбедни пловила. Овој дел од…

Повеќе

Министерството за образование и наука (МОН) ја презентираше новата предлог-концепција за гимназиско образование. Овој документ доаѓа откако претходната верзија беше повлечена пред една година поради бројни реакции, пред сè од образовните институции и професорите од областа на општествените науки. Од Министерството појаснуваат дека новиот предлог е резултат на темелна анализа и вклучување на сите забелешки и сугестии од минатогодишната јавна расправа, како и дополнителни стручни консултации. Целта е појасно дефинирање на улогата на гимназијата во модерниот образовен систем. Што предвидува новата концепција? Според соопштението на МОН, новиот модел балансира меѓу задолжителните предмети и изборноста на учениците: „Предложената концепција го задржува…

Повеќе

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници. Во услови на густ сообраќај и без посебни жолти ленти, автобусите тешко се движат низ градот, а камерите ги казнуваат дури и кога поради должината на возилото не успеваат навреме да поминат на зелено светло. Тоа ги чини 250 евра олеснување на паричникот, но и одземање на возачката дозвола. „Голем е сообраќајниот метеж. Имаме чекање многу, автобусите не може да стигнат од точка А до точка Б навремено. Посебно имаме пробелм на сообраќајниците каде што, кога имате знаете, сообраќаен метеж, семафорот трепка зелено неколку секунди, автобусот е долг тој додека да помине…

Повеќе

На 08.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(25) и А.К.(27), двајцата од Скопје и В.С.(40) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Сериозен инцидент е регистриран во училиште во Приштина, каде дошло до физичка пресметка меѓу професор и ученик. Настанот предизвика вознемиреност кај јавноста и родителите, пренесува Bulevar.mk. Видеото може да го погледнете ТУКА

Повеќе

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа работен состанок со претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој беше потврдена подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на програмата „Поддршка на изборите во Северна Македонија“. Од страна на директорката на Канцеларијата во Република Северна Македонија, Јоана Косма, беше истакнато дека соработката со ДИК преку проектот на Владата на Швајцарија, „Програма за поддршка на изборите во Северна Македонија“, досега резултирала со конкретни и мерливи постигнувања, особено во делот на развојот на ИТ-решенија, јакнењето на институционалните капацитети, унапредувањето на изборните процеси и зголемена доверба на граѓаните во истите. Претседателот на Државната изборна комисија,…

Повеќе

Населението на Турција се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони жители. Ова го покажуваат најновите податоци за демографската слика во земјата, објавени од Турскиот институт за статистика (TÜİK), врз основа на системот за регистрација на адреси. Според официјалната статистика, мажите сочинуваат 50,02 проценти од вкупното население, додека жените се застапени со 49,98 проценти. Во бројки, тоа значи дека во земјата има 26.700 повеќе мажи отколку жени. Истовремено, забележан е пораст и на бројот на странци кои ја избрале Турција за свој дом. Во 2025 година нивниот број се зголемил за 38.968 лица, со што…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, се сретна со амбасадорот на Албанија, Денион Мејдани. За време на средбата, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари конструктивен разговор со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Мејдани, при што се разговараше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји. Посебен фокус на разговорот беше ставен на проектот „One Stop Shop“, кој претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Двете страни позитивно ја оценија имплементацијата на…

Повеќе