Author: Author 03

Украинските власти тврдат дека нивните сили погодиле голема руска нафтена рафинерија користејќи британски ракети „Сторм Шедоу“, објави „Скај њуз“. Според украинските функционери, оваа рафинерија е еден од најголемите добавувачи на нафтени производи во јужна Русија и ги задоволува потребите на руската армија. Генералштабот на украинската армија соопшти дека британските ракети предизвикале повеќекратни експлозии во рафинеријата Новошахтинск во Ростов. Минатата година, Велика Британија ѝ дозволи на Украина да користи ракети „Сторм Шедоу“ за напади на територијата на Русија, потсетува „Скај њуз“. Во меѓувреме, украинските функционери истакнаа дека домашно произведени беспилотни летала со долг дострел погодиле танкери за нафта во руското пристаниште…

Повеќе

Британскиот крал Чарлс Трети во своето годишно божиќно обраќање ги повика луѓето на единство и помирување, нагласувајќи дека силата може да се најде во различноста на заедниците и дека тоа е патот за да победи доброто над лошото. Тој се осврна на духот на генерацијата која преживеала Втората светска војна, потенцирајќи дека таа се обединила за да се соочи со големите предизвици, развивајќи квалитети што го обликувале и Велика Британија и Комонвелтот, пренесува „Гардијан“. – „Сè помалку од нас, како што минуваат годините, се сеќаваат на крајот на Втората светска војна. Но, храброста и жртвата на нашите војници и начинот…

Повеќе

Руската пошта објави дека ја прекинува копнената достава на поштенски пратки во пет земји, меѓу кои балтичките држави, Словенија и Хрватска, соопшти поштата на својата веб-страница. Доставата со авион во овие земји продолжува, но, како што изјави прес-службата за Тас, не е познато кога повторно ќе биде воспоставена копнената достава. Странскиот партнерски превозник ја известил Руската пошта дека ќе ги пренесува пратките во овие земји само со авион. Исто така, Руската пошта го продолжи приемот на меѓународни поштенски пратки за Република Конго, Сомалија и Чад.

Повеќе

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24 отвори повеќе клучни политички теми, испраќајќи јасни пораки за состојбите во македонската политика, реформите во правосудството и европската перспектива на државата. Димитриевски остро реагираше на недоличниот јавен дискурс и конфронтативниот однос на раководството на СДСМ кон новинарите и јавните личности, посочувајќи дека ваквиот наратив е резултат на погрешни и деструктивни ПР-стратегии. „Не само ПР-стратегијата, туку и ПР-консултантите кои им се донесени од Србија, едноставно не знаат ништо друго освен да водат деструктивни политики, бидејќи…

Повеќе

Полски борбени авиони утрово пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море, кој леташе близу до границите на полскиот воздушен простор, соопшти војската. Настанот се случува во контекст на зголемена тензија на источното крило на НАТО, каде што земјите се во висока готовност од септември, по повеќе инциденти со нарушување на воздушниот простор од страна на Русија и Белорусија. „Утрово, над меѓународните води на Балтичкото Море, полските борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и испратија надвор од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе близу до границите на полскиот воздушен простор“, се наведува во официјалното соопштение на војската. Покрај инцидентот…

Повеќе

Во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, вечерва се одржа протест со блокада на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Учесниците на блокадата бараат надлежните институции да најдат решение за проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, кое, според нив, е предизвикано од работењето на Цементара Усје и бара нивна дислокација. На транспарентите се гледаа пораки како: „Воздухот наш за профитот ваш“, „На хартија бело, во дробови црно“ и „Не сакаме изговори, сакаме чист воздух“. „Наместо заштита на јавното здравје, сведоци сме на системско игнорирање на алармантните податоци, неделување и прикривање на одговорноста. Нашата порака е…

Повеќе

Полицијата во Боден се уште го нема соопштено мотивот за крвавата случка која се случи денеска. Исто така, не е познато дали напаѓачот и жртвите се во роднинска врска. Сведоци пријавиле дека тело на 55-годишна жена било пронајдено во семејната куќа во градот. Според полицијата, маж на возраст од 20 години нападнал неколку лица во куќата. При обидот за апсење на осомничениот следела престрелка, при што напаѓачот бил убиен. Двајца повредени лица биле пренесени во болница, додека брзата помош можела да ја потврди само смртта на жената.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека националниот консензус за евроинтеграциите треба да се гради околу гаранции дека нема да се поставуваат нови условувања за земјата. „Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Ние сме рекордери по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без консензус, но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи, тие треба да важат за сите. Ако Светот на Европа формирал суд за човекови права, пресудите треба да се спроведуваат“, рече Сиљановска…

Повеќе

Македонија беше зафатена од студен бран кој донесе и снег на повеќе локации низ Македонија, па така снег беше забележан во Пехчево, Берово, Пониква и други предели во државата. ВИДЕО ОД СНЕЖНАТА ИДИЛА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Повеќе

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица, соопшти денес Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија. Локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Според Националните паркови на Танзанија, загинати се водич и лекар од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка. Хеликоптерот се урна вчера во близина на кампот Барафу на планината. Весникот Мвананчи и телевизијата Ист Африка јавија дека леталото било на медицинска мисија, повикувајќи се на началникот на регионалната полиција на Килиманџаро. Несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри, додека Килиманџаро, највисокиот врв во…

Повеќе