Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

    СДСМ: Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

    15.02.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара.

    Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски…, обвинуваат од СДСМ.

    Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. 

    Но, така заглавија уште подлабоко.

    Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле.

    За производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари – што е еднакво на над 40 фудбалски стадиони.

    Кој дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија?

    Зошто не била направена ниту една теренска контрола?

    Значи две години МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, инспекторатите не презеле ништо.

    Како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога како се транспортира, складира, пакува?

    Што правеле АНБ и АР?

    Поминале 5 тони дрога преку граница, шлепери и шлепери, покрај 65 илјади камери од „Сејф сити“, покрај скенери, контроли, полиција и царина и никој ништо не знае?

    Нема одговор на овие прашања за тоа што одговорноста за нарко скандалот е во врвот на власта.

    СДСМ нема да дозволи овој нарко скандал да се заташка.  Нема бегање од одговорноста.

    Сите ќе одговарате, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.