Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот

    Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот

    11.06.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Обвинителството презентираше докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушнс“, кои се однесуваат на организацијата на обезбедувањето на објектот, плановите за надзор, како и на извршените и неизвршените обврски.

    Во судницата беше приложена дозвола за работа на „Рубикон“ и список на вработени, при што Обвинителството наведе дека во агенцијата биле ангажирани Јане Јанчевски, Мартин Георгиев, Лазар Захариев и Стојанчо Димитриев. Според обвинението, Георгиев, Захариев и Димитриев поседувале лиценца за обезбедување, додека Ивица Грозданов не поседувал.

    Беше презентирана и фото-документација, како и материјали прибавени при претрес на канцелариите на „Рубикон“ и одземена документација.

    На почетокот од рочиштето, Судот го информираше Обвинителството за предлог на одбраната на обвинетите Александар Нацев и Јане Јанчевски да не се изведуваат докази поврзани со анализа на метаболити во крв и урина, оценувајќи ги како незаконити и нерелевантни.

    Одбраната посочи дека овој доказ навлегува во приватната сфера на обвинетиот и дека не е јасно зошто би бил релевантен, имајќи предвид дека бил обезбеден три месеци по настанот и дека Нацев не бил присутен на лице место.

    Адвокатот на Нацев изјави дека се противи на изведување на доказот, оценувајќи го како нерелевантен за предметот.

    Од Обвинителството, пак, беше наведено дека доказот е обезбеден со наредба на ОЈО Скопје и доставен до ОЈО Кочани, како и дека е дел од доказниот материјал против обвинетиот Нацев.

    Судот оцени дека постапката ќе продолжи со изведување на останатите докази, по што ќе се произнесе и за спорните предлози.

    На рочиштето обвинетиот Шабан Салиу изнесе забелешки на претходно изведените докази, наведувајќи дека не произлегува негова одговорност како директор на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот 2012–2017 година.

    Сличен став изнесе и одбраната на обвинетиот Аднан Џаферовски, која посочи дека неговата позиција е идентична со таа на Салиу, но за периодот 2017–2021 година.

    Судењето продолжува во фаза на доказна постапка со изведување на материјални докази од Обвинителството.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините

    06.10.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.