Author: Author 03

Пејачката настапи во Пожаревац со луксузно сако од „Валентино“, иако поради пех во последен момент мораше да облече фармерки Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на синоќешниот концерт во Пожаревац се појави во исклучително скап моден стајлинг, а вниманието го привлече нејзиното сако, чија вредност, според модни познавачи, изнесува дури 13.000 евра. Непосредно пред излегувањето на бината, пејачката доживеала неочекуван пех – ѝ пукнале панталоните, поради што морала да ја промени планираната комбинација. Наместо тоа, таа облекла тексас фармерки позајмени од нејзина пријателка, што создаде необичен спој со луксузното сако. Станува збор за впечатлив зелен модел од брендот „Валентино“, богато украсен со златни детали…

Повеќе

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи.Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите. Но, Филипче не…

Повеќе

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија за МИА од АЕК. Од вкупниот број на донесени решенија, 45 се усвоени, 14 се делумно усвоени, 40 предмети се затворени со меѓувремено постапување од страна на операторот и 109 се одбиени. Останатите барања за решавање на спор биле: непотполни, повторно поднесени или…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и одговори на СДСМ за тврдењето дека координира уривање на опозициската партија одвнатре. „Нема никаков координиран напад врз СДС, има координирано откривање на тоа дека Зоран Заев гради во Дубаи, а Венко Филипче доби златна виза таму“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението додаваат дека затоа СДСМ толку многу и координирано пропаѓа и ја упатуваат одговорите да ги побара кај Заев и Башановиќ.

Повеќе

Грчките земјоделци денеска го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време. За попладневните часови најавена е и втора четиричасовна блокада, од 18 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. По четиридневна пауза, за време на која автопатиштата и граничните премини беа отворени поради Божиќните празници, земјоделците од денеска повторно ги активираа блокадите на повеќе локации низ цела Грција. На граничниот премин Евзони, кусо пред 12:30 часот по локално време, тракторите паркирани на грчката страна ја…

Повеќе

Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние самите себеси едни кон други, немаме почит, не можеме да очекуваме дека граѓаните ќе не почитуваат. Оттука почнува се, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши. Разликите постојат и треба да останат, вели тој, но, не треба да бидеме барикадирани во нив туку низ дијалог и врз база на аргументација да доаѓаме до заеднички решенија кои се во функција и добробит на сите граѓани. Во пораката што ја упатува до пратениците и до граѓаните во пресрет на…

Повеќе

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта. Како што веќе најавивме, во изминатиот период ВМРО спроведува координиран обид за уривање на СДСМ одвнатре. Зошто? Затоа што Антикорупцискиот тим АКТ изнесе сериозни податоци за криминал и корупција на владата на ВМРО преку тендери, изјави на денешната прес-конференција Петар Огненовиќ од ИО на СДСМ. Цел еден систем, еден октопод кој е инструиран од СНС и кој во целост управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ ја спроведува оваа кампања. Граѓаните можеа да ги видат овие обиди секој ден. Прво имаше настапи на еден поранешен функционер. Потоа…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје. Таа истакна дека наградувањето не е ларпурлартизам, ниту се наградуваат само резултатот и творбата, туку се евалуира процесот на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување, kако и одговорниот однос кон просторот и луѓето во него. Според неа, изборот на добитниците се темели…

Повеќе

БикОваа сабота е време за стратешко повлекување. Додека светот околу вас брза и се расправа, имате силна поддршка од планетите во Јарец, кои ги стабилизираат вашите долгорочни планови. Вашата интуиција е остра, но е насочена конвнатре. Не ги споделувајте вашите идеи засега. Ова е одличен ден за осаменост, читање или планирање на вашите финансии за следната година. БлизнациВашиот општествен живот е во полн ек под влијание на Месечината во Овен, но сериозните разговори се неизбежни денес. Некој во вашиот круг на пријатели може да ве замоли за зрел совет или специфична помош, а не само друштво за забава. Избалансирајте ја…

Повеќе

Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин, откако полските вооружени сили подигнаа борбени авиони како реакција на руските воздушни напади врз Украина. Информацијата ја објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Полската агенција за воздушна навигација објавено на платформата Икс. Во меѓувреме, руските сили извршија напади врз повеќе области во регионот Киев, при што биле предизвикани повреди и материјална штета на станбени објекти, градилишта и стопански капацитети. Ова го соопшти регионалната воена администрација на Киев преку Телеграм, а информацијата ја пренесе Укринформ. Како што се наведува, едно лице е повредено во регионот Ивано-Франкивск додека се движело со…

Повеќе