Author: Author 03

Еден жител на Куманово е уапсен откако во неговиот автомобил биле пронајдени повеќе од 270 парчиња стар кован метал од различни историски периоди, соопшти полицијата на Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението, македонските полициски службеници го уапсиле 39-годишниот Ф.С. од Куманово на 25 декември навечер, на граничниот премин „Табановце“, при влез од Србија во Северна Македонија. „При граничната контрола и проверка на возило марка ‘Фиат’, со швајцарски национални регистарски таблички, биле пронајдени и одземени 271 кованица со различна големина и форма, кои потекнуваат од различни временски периоди“, се наведува во соопштението. Се додава дека, по целосно документирање на…

Повеќе

Зимска бура од мраз и снег предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај во североисточниот дел на САД и регионот на Големите езера, при што денеска се откажани или одложени повеќе од 2.000 летови. Бурата дојде во еден од најфреквентните периоди за патување, меѓу Божиќ и Нова година, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News). Според податоците, до вчера наутро во Њујорк наврнале нешто помалку од три инчи снег, што е околу половина од количината што ја предвидуваа дел од прогнозите. Сепак, временските услови беа доволни за значителни прекини во авиосообраќајот. Од петокот наваму, на ниво на целата земја се откажани најмалку 2.700…

Повеќе

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, реагираат утрово од СДСМ. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта сфати дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Активностите на СДСМ ги принудија предвреме да го активираат овој план. ВМРО мислеше дека ќе нè ослабат и ќе нè замолчат, ама се излажаа. Првиот обид за дестабилизација беше целосно разоткриен и пропадна. Сега сме посилни. Јован Деспотовски вчера не се ни обиде да ја…

Повеќе

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи итен состанок поради одлуката на Израел да го признае Сомалиленд како независна држава, потег што предизвика силни реакции на меѓународната сцена, јавува германската агенција ДПА. Во пресрет на седницата, 21 земја, претежно со муслиманско мнозинство, доцна синоќа објавија заедничка изјава во која предупредуваат на „сериозни последици“ од израелската одлука врз мирот и безбедноста на Рогот на Африка, како и поширокиот регион на Црвеното Море. Сомалиленд, регион во северниот дел на Сомалија со неколку милиони жители, иако формално не е меѓународно признат, функционира како де факто независна територија повеќе од три децении.…

Повеќе

Проф. д-р Мирјана Најчевска на ФБ напиша што посакува во новата 2026 година: Сакам да живеам во Македонија во која на раководни позиции доаѓаат луѓе со интелигенција над собна температура и морал над уличен џепарош. Сакам да живеам во Македонија во која наставниците добиваат највисоко можно образование, плати на ниво на среден менаџмент и поддршка од централната и локалната власт. Сакам да живеам во Македонија во која се стеснуваат улиците а се прошируваат пешачките патеки, во која градскиот превоз е основниот превоз кој го користат луѓето, во која се рушат сите бесправно изградени објекти и на нивно место се градат…

Повеќе

Граѓаните на Косово денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори по ред во изминатите 11 месеци, во обид да се надмине политичкиот ќор-сокак во кој се најде земјата. Според оценките, левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти влегува во изборната трка како главен фаворит, јавува германската новинска агенција ДПА. Изборите беа распишани откако по редовните избори одржани на 9 февруари, „Самоопределување“, иако освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Како последица на тоа, новоизбраниот парламент не успеа да се конституира, поради недостиг на договор за избор на раководството, што го блокираше неговото функционирање. Албин Курти е на…

Повеќе

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата. Темков во текот на својата плодна кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на политиката, Филозофија на менаџерството, Еколошка етика, Биоетика, Педагошка и Менаџерска етика, како и Филозофија на образованието на Институтот за филозофија при Философскиот факултет во Скопје. Темков е роден во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство, а своето образование го…

Повеќе

Утрово најниската температура во земјава е измерена во Берово, каде што живата во термометарот се спушти на -8 степени Целзиусови. Минусни температури се регистрирани речиси насекаде, со исклучок на Попова Шапка каде што е измерена температура од 0 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, -6 степени се измерени во Скопје-Петровец, додека во Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија температурата изнесувала -5 степени. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница се измерени -4 степени, а во Охрид, Претор, Куманово и Маврови Анови -3 степени. Најблаго било во Гевгелија и Крушево, каде што…

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Повеќе

На 26.12.2025 во 09:40 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Ч.(41) од Турција затоа што при гранична проверка и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „ман“ со приколка со турски национални ознаки со кои допатувал. Тој е предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Повеќе