- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Со длабока тага Драмски театар – Скопје ја соопшти веста за смртта на актерката Ленче Делова, една од најпрепознатливите и најконтинуирани имиња во македонскиот театар, филм и телевизија. „Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек“, соопштија од Драмски театар, изразувајќи искрено сочувство до семејството и најблиските. Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје. Својот актерски пат го започнува како глумец-аматер во 1964 година, а од 1970 станува член на ансамблот на Драмски театар – Скопје, каде останува до пензионирањето во…
На 13.02.2026 во 20:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Петровец, скопско, околу 19:45 часот настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Д.(39) од с.Петровец. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 14.02.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со молитва, благослов и традиционално закројување на лозјата по повод празникот Свети Трифун, во кратовскиот регион симболично започна новата винска сезона. Свештеникот ги освети лозовите насади, а лозарите со првите засечени гранки ја најавија надежта за родна и успешна година. Монтеко годинава акцентот е ставен на развој и проширување. Покрај постоечкиот насад од 5,5 хектари каберне совињон, винаријата располага со над 30 нови хектари лозја со разновидни сорти вранец, со што значително се зголемуваат производствените капацитети. Паралелно со работата на лозје, винаријата активно го засилува и своето меѓународно присуство преку учество на водечки европски вински саеми. Од мала семејна винарија,…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани. – Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена…
Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) денеска објави дека поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, кој поднесе оставка лани по откривањето на голем корупциски скандал, е приведен на границата додека се обидувал да ја напушти земјата. „Денеска, истражните тела на НАБУ го приведоа поранешниот министер за енергетика како дел од операцијата Мидас додека се обидувал да ја премине границата“, се вели во соопштението на НАБУ. Операцијата Мидас, на која се осврна антикорупциското тело во своето соопштение, беше спроведена за да се истражи корупциски скандал во енергетскиот сектор на Украина во текот на изминатата година. Герман Галушченко, чие…
Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДС и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со законски измени по своја мерка и со целосно занемарување на безбедносните стандарди, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо да се подобрат условите во постојните болници и да се обезбеди сигурност за пациентите, тогашната влада на СДС по итна постапка го измени Законот за градење. Модуларните болници тогаш беа ставени во категорија „урбана опрема“, со што се заобиколија редовни постапки и контроли. Одобрението за поставување го…
На 15.02.2026 во 02:15 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.П.(34) од Кичево кој претходно, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.02.2026 во 18:55 часот пред спортски центар во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода од слобода е П.Д.(20) од Охрид затоа што претходно физички нападнал 15 – годишник од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“. Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.
