- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, е повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила во нигериската сојузна држава Огун, во која, според официјалните информации, загинале две лица. Како што соопшти локалната полиција, 36-годишниот Џошуа поминал со полесни повреди откако возилото во кое се наоѓал се судрило со друго возило. Причините за несреќата сè уште се предмет на истрага. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од местото на несреќата, на кои Џошуа може да се види како седи на задното седиште од автомобилот, без маица, додека околу него се забележуваат остатоци од скршено…
Електронските комуникации се темелот на современата дигитална држава. Со усвојувањето на Законот за електронски комуникации, Собранието направи важен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда и во целосното усогласување со правото на Европската Унија, пишува на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „Овој закон значи јасни правила, поголема правна сигурност и рамка што е компатибилна со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации. Практичните придобивки се директни и мерливи: подобра и побрза изградба на дигитална инфраструктура, услови за поголеми инвестиции во широкопојасни мрежи, 5G и нови технологии, поголема конкуренција на пазарот и поквалитетни услуги за граѓаните и…
Изјавата за наводен удар во Венецуела дојде без координати, без снимка и без официјален брифинг, но со доволно политичка тежина за да го подигне прагот на тензија во Карибите. Во радио-интервју за њујоршкото WABC, Доналд Трамп рече дека американските сили „нокаутирале“ „голем погон, голем објект“ од каде што „излегуваат бродовите“, тврдејќи дека ударот бил изведен „пред две ноќи“ и дека „ги погодиле многу силно“. Контекстот, според американските медиуми, е пошироката кампања што Белата куќа ја врзува со спречување на шверц на дрога и притисок врз режимот во Каракас. Но клучниот проблем остана ист: Трамп не понуди детали каде се случил…
Силно снежно невреме зафати голем дел од Турција, поради што наставата е целосно прекината во 14 провинции, соопштија локалните власти. Обилните врнежи од снег предизвикаа сериозни нарушувања во секојдневниот живот, блокирајќи локални патишта и отежнувајќи го сообраќајот. Најкритична е состојбата во источната провинција Ван, каде снежната покривка на одредени места достигна и до 50 сантиметри. Поради неповолните временски услови и безбедносни причини, надлежните одлучија училиштата да останат затворени до 5 јануари 2026 година. Снегот предизвика прекини во сообраќајот на повеќе локални и регионални патишта, а екипите за зимско одржување се постојано на терен. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни…
Владата денес во поинакво руво. Најмладите меѓу вработените, со најголемата надеж. Млади лица, големи соништа. Владата денес чекори со нив, нивната радост е нашата сила.За децата денес, за иднината утре, напиша премиерот на фб. Премиерот објави слика и со неговото семејство, сопругата и неговиот помал син.
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин имале телефонски разговор. Според Вашингтон, комуникацијата меѓу двајцата претседатели поминала во конструктивна атмосфера. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, преку објава на социјалните мрежи информираше дека разговорот бил „позитивен“, без да изнесе дополнителни детали за содржината на темите што биле разгледувани. Од Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин планираат нов телефонски разговор „во блиска иднина“, по вчерашната комуникација меѓу двајцата лидери. Американскиот претседател ги оцени разговорите како продуктивни и најави дека ќе го информира рускиот претседател за исходот од неговата средба…
На 28.12.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје, А.Р.(42) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопската Зоолошка градина објави дека со голема пожртвуваност на вработените, особено Зера и со долги непроспиени ноќи успеале да ги спојат гибоните Делфина и Мики кои учат да живеат заедно и самостојно без човечка помош. -Двата гибона беа отфрлени од мајката како бебиња и чувани со 24/7 нега, љубов и посветеност. Во консултација со експерти од светски организации за заштита на гибоните, како и Перт ЗОО кои имаа слична ситуација, а со максимални напори и труд од вработените во Скопје ЗОО- гибончињата Делфина и Мики сега се во заедничко живеалиште и одлично се прифатија еден со друг. За овој значаен…
Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат сите процеси поврзани со подготовката и реализацијата на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. – Со овој значаен чин се воспоставува јасна и цврста рамка за координирана, одговорна и партнерска соработка на сите нивоа на локалната самоуправа. Во периодот што следи, сите институционални…
Повисоки плати, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства, „ѕид на срамот“. Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите за плановите во 2026 година. Јануари ќе стартува со потпишување на Националната стратегија за образование (2026 – 2032), која ќе биде патоказот по кој МОН ќе треба да ги крои политиките во следните шест години. Меѓу приоритетите во стратегијата е и едносменската настава. Досега е имплементирана во двесте училишта. Во јуни, за првпат и електронски свидетелства за децата во прво, второ и трето одделение. Јаневска вели дека за крајот на 2027 година електорнски свидетелства ќе добијат четврто, петто…
