- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди, реагираат попладнево од СДСМ. Како што најавивме, ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа. Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сѐ ставија во своите канџи. По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ, како што денеска е осуден поранешен директор на затворот Филип Андонов и член на Извршниот одбор на партијата. ВМРО-ЗНАМ ја активираа последната фаза од својата кампања – фазата на репресија и политички прогон. На објавените скандал, пријави за…
Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на манифестацијата „Новогодишна приказна“, Општина Кисела Вода организираше настан на кој беа поделени новогодишни пакетчиња за најмладите. Со оваа акција, заедно со пакетчињата што претходно беа поделени, општината израдува вкупно 7.000 деца со бесплатни новогодишни пакетчиња, потврдувајќи ја континуираната грижа за најмладите жители. Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и забава, за што се погрижија Дедо Мраз, Гринч и разиграните аниматори. Посебен сјај на програмата ѝ дадоа дечињата од градинките „8-ми Март“ и „Весели Цветови“, како и учениците од основните училишта „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева – Дуња“,…
Меркур во Стрелец е во квадрат со Сатурн во Риби, создавајќи чувство дека мислите се распрснати, фокусот слабее, а плановите изгледаат потежок отколку што навистина се. Можно е да не ви се размислува за иднината, да чувствувате блокада или ментален замор што го забавува напредокот. Денот не бара да форсирате ништо, туку напротив, ви препорачува да направите пауза, да дозволите умот да се исчисти и потоа да се вратите со појасна перспектива. Ова е ден за одмор, не за дефинитивни одлуки. ОвенМоже да почувствувате дека вашите големи идеи или планови денес одеднаш ви изгледаат некако тешки или неизводливи. Ова не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ги саботира мировните преговори и дека подготвува нови напади врз Украина, откако Кремљ соопшти дека спречил украински напад со дронови врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин кај Нижни Новгород. Зеленски ги отфрли тврдењата како „типични руски лаги“ по двочасовниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида. Тој оцени дека Москва користи „опасни изјави“ за да ги поткопа дипломатските напори со САД. „Оваа наводна приказна за ‘удар во резиденцијата’ е целосна измислица наменета да оправда дополнителни напади врз Украина, вклучително и Киев, како и сопственото одбивање на Русија…
Соединетите Американски Држави соопштија дека ќе издвојат две милијарди долари за Обединетите нации за хуманитарна помош, во време кога ООН се соочува со сериозен недостиг на финансиски средства. Иако САД годинава ја намалија странската помош, тие остануваат еден од најголемите донатори. Во исто време, водечките западни донатори на ООН, вклучувајќи ја и Германија, исто така ги намалија своите придонеси со цел пренасочување на средствата кон одбраната. Ова доведе до значителен финансиски јаз во хуманитарните програми на ООН. Директорот на Канцеларијата на ООН за координација со хуманитарните работи (ОЦХА), Том Флечер, изјави дека хуманитарните операции се преоптоварени и недоволно финансирани. „Тоа…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за лажење, откако тој негираше напад со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин. „Украинскиот претседател Володимир Зеленски лаже, режимот во Киев ќе биде одговорен за своите злосторства“, изјави Захарова, додавајќи дека изјавите на Зеленски за Буча, киднапирани деца и наводната неподготвеност на Русија за преговори се лаги. „Но, зборовите на Лавров се вистинити“, нагласи таа на својот Телеграм канал, цитирајќи медиумски извештаи. Претходно денес, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдел дека ноќта помеѓу неделата и понеделникот Киев извршил терористички напад…
Земјотрес со јачина од 2,8 степени е почуствуван пво 22: 06 минути во охридско-струшкиот регион. Според Европската макросеизмичка скала земјотресот бил со епицентар во близина на Горно Лакочереј на 6 км северно од Охрид.
Бијонсе ја достигна статусот на милијардерка. Форбс објави дека музичарката, продуцентката и претприемачката ја преминала границата од 1 милијарда долари, благодарение на серија успешни турнеи, изданија и деловни потфати. Бијонсе е само петтиот музичар во друштвото на милијардери, придружувајќи им се на сопругот Џеј-Зи, Тејлор Свифт, Брус Спрингстин и Ријана. Нејзината светска турнеја „Ренесанс“ во 2023 година заработи близу 600 милиони долари, што ја прави една од турнеите со најголема заработка на сите времиња. Во 2024 година, албумот „Каубој Картер“ и последователната турнеја донесоа повеќе од 400 милиони долари од продажба на билети, плус дополнителни 50 милиони долари од стока…
Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Според Бислимовски, треба да се покаже разбирање за „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) бидејќи државната компанија, како што вели, мора да застане на здрави нозе. – Во тој дел ние каде што ги регулираме цените, во делот на мрежарините, ние ја намаливме цената за пренос и дистрибуција и како збир ја намаливме за 5 отсто бидејќи постоеше простор да ја намалиме. Ја намаливме и цената на МЕПСО, ја намаливме и цената на…
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација за воена служба што ќе трае од јануари до 31 декември 2026 година, со што се предвидува да бидат вклучени 261.000 руски граѓани, објавија руските медиуми. Указот е објавен на официјалната веб-страница за правни информации и се однесува на руски граѓани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва на армијата. Врз основа на истиот указ, војниците и помладите офицери чија воена служба е истечена ќе бидат отпуштени од армијата. Руската влада добила упатства за спроведување на мерките поврзани со регрутацијата.
