Author: Author 03

Традиционално и оваа година, заедно со Премиерот на Република Македонија, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, успеавме да внесеме новогодишна радост и насмевки кај најмалите. Заедно со Премиерот и Градоначалникот Александар Стојкоски и оваа година ја испочитувавме оваа наша омилена традиција, напиша на социјалните мрежи пратеникот Бојан Стојановски. Поделивме новогодишни пакетчиња и уште еднаш покажавме дека грижата за децата и нивната среќа се наш приоритет. Немаат цена овие моменти. Среќата на најмалите е непроценлива ! Новата година нека им донесе здравје, радост и многу безгрижни моменти на сите граѓани, стои во објавата на пратеникот на ФБ.

Повеќе

Француската филмска икона Брижит Бардо, која почина во недела на 91-годишна возраст, ќе биде погребана на крајбрежните гробишта во одморалиштето Сен Тропе на француската ривиера. Погребот ќе се одржи на 7 јануари во црквата Нотр Дам де л’Асомпшн во Сен Тропе, објави BFM TV. Бардо, која стана симбол на Франција во 1950-тите и 60-тите години, живеела во одморалиште каде што, како што вели, наоѓала утеха меѓу животните и го посветила својот живот на нивната благосостојба. „Беше прекрасна, нема други зборови. Навистина ќе ни недостига“, изјави за Ројтерс во понеделник жителот на Сен Тропе, Филип Волмиер. Волмиер рече дека ја познавал…

Повеќе

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека мировните преговори за ставање крај на војната на Русија против Украина се „далеку од завршени“ и истакна дека Западот и Украина мора да останат обединети. „По вчерашните разговори со европските лидери, стана јасно дека западните земји и Украина ќе ја изгубат конфронтацијата ако Русија успее да ги подели и да ги диктира условите за мир. Изјавата за учеството на САД во безбедносните гаранции е успех. Но, преговорите се уште се далеку од завршени“, рече Туск на платформата X. Ова следува по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп во…

Повеќе

2026 година ќе биде најсреќната година за овие три знака, а тркалото на среќата ќе почне да се врти штом ќе пројде 31 декември. Ѕвездите ќе бидат во ваша корист во следните 12 месеци, и од вас зависи дали добро ќе ги искористите можностите што ви се појавуваат. Се отвора ново поглавје во животот и сè ќе оди по ваш избор. Новогодишниот хороскоп им носи среќа на припадниците на овие 3 знака Овен Овните ја завршуваат годината полни со самодоверба, не барајќи потврда за своите успеси. За нив, новогодишната ноќ може да биде момент на природна истакнатост, без потреба да…

Повеќе

Италија ќе продолжи да обезбедува воена помош за Украина и во 2026 година, откако десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет кој овозможува продолжување на испораките на оружје и воена опрема за Киев, објави ДПА. Италија се смета за еден од најдоверливите партнери на Украина во рамките на НАТО. Првично, одлуката за продолжување на воената помош беше планирана за почетокот на декември, но беше одложена поради приговорите на еден од коалициските партнери. Десничарската популистичка партија Лига, предводена од вицепремиерот Матео Салвини, побара измени за да се стави поголем акцент на цивилната помош и експлицитно да се нагласат испораките на…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп побарал САД да разгледаат можност за обезбедување безбедносни гаранции за Киев за период од 30 до 50 години. „Според важечките договори, Украина ќе добие безбедносни гаранции од САД за период од 15 години. Но ние се надеваме на подолг рок“, рече Зеленски, додавајќи дека следната рунда разговори со САД се очекува да се одржи во Киев во јануари. Тој истакна дека шефот на украинскиот Национален совет за одбрана и безбедност, Рустем Умеров, веќе го координира процесот со партнерите. „По состанокот, планирани се преговори меѓу европските лидери…

Повеќе

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ. – Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од денеска ќе биде многу полесно, посочи Магазиновиќ. Тој му се заблагодари на студентот на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ирафан Рибиќ, кој тврди дека со масло од канабис се излекувал од мултипла склероза. Магазиновиќ се заблагодари и на министерката за цивилни работи на БиХ,…

Повеќе

Непријатен момент го одбележа пријателскиот хокеј натпревар во Белорусија, кога претседателот Александар Лукашенко доживеа пад на мразот по случаен судир со соиграч. Инцидентот накратко го прекина мечот, кој на крајот заврши нерешено 5-5. До падот дојде кога играчот со број 68, Јарослав Чуприс, ненамерно го удри Лукашенко во грбот. Претседателот, кој настапуваше со дрес со број 01, ја загуби рамнотежата и падна на лизгалиштето, при што со главата удри во мразот. Натпреварот беше привремено запрен, а Чуприс веднаш се врати за да му помогне, додека неколку соиграчи му притрчаа на помош. По инцидентот, Лукашенко изјави дека се чувствува добро и…

Повеќе

Словенската и балканската етимолошка лексикографија се надополни со важна пубикација „Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски. Има 650 страници и се обработени 9 букви од А – Ж. Во него, освен основниот лексички фонд од стандардниот македонски јазик се опфатени и дијалектните и разговорните зборови. Издавач е Институтот за македонски јазик.

Повеќе

Обилните дождови што ја погодија Андалузија предизвикаа сериозна хуманитарна и инфраструктурна криза во јужна Шпанија, при што животот го загубија три лица, а стотици интервенции беа извршени од итните служби, соопштија регионалните власти. Најтешко погодена е провинцијата Малага, каде се регистрирани најголемиот број инциденти. Две лица, на возраст од 53 и 54 години, беа пронајдени починати во Алхаурин Ел Гранде, откако нивното комбе било однесено од надојдена река. Третата жртва, 18-годишно момче кое претходно било пријавено за исчезнато, е пронајдена во местото Илора, во провинцијата Гранада, јавува „Еуроњуз“. Само во Малага биле регистрирани 343 интервенции на итните служби, главно поради…

Повеќе