Close Menu
Press24
    Најново

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шефот на амбасадата на Македонија повикан на разговор во бугарското МНР за палењето на автомобилите

    Шефот на амбасадата на Македонија повикан на разговор во бугарското МНР за палењето на автомобилите

    16.06.2026 во 19:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вршителот на должноста шеф на амбасадата на Македонија во Софија денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија во врска со палењето на две бугарски дипломатски возила лоцирани пред бугарската амбасада во Скопје

    Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија го осудува овој „невиден во нашите билатерални односи демонстративен чин на агресија, кој ги става во опасност и здравјето и животите на вработените во бугарската амбасада и жителите на главниот град на Северна Македонија, кои беа во близина за време на нападот. Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната земја и брзите дејствија на надлежните органи, што доведоа до апсење на сторителот. Во исто време, очекуваме ефикасна истрага и спроведување на правдата во случајот, што на категоричен начин ќе покаже дека ваквите дејствија се неприфатливи“.

    Полендаков нагласил и дека спроведувањето на принципите на владеење на правото и преземањето ефикасни мерки за спречување и борба против злосторствата од омраза се клучни ако една земја сака да ја заштити својата европска иднина. И дека ќе се спротивстави на сите обиди да се всадел страв кај Бугарите во Македонија.

    Амбасадата на Франција во Македонија остро го осуди вчерашниот инцидент кога беа запалени две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје.

    „Изразуваме целосна солидарност со персоналот на амбасадата на Бугарија. Ништо не може да го оправда ваквиот напад врз безбедноста на дипломатските претставништва, која мора да биде загарантирана во сите околности“, велат од амбасадата на Франција.

    Оттаму ја поздравија брзата реакција на властите во земјава и преземените напори за целосно расчистување на инцидентот и ги охрабрија властите во Скопје и Софија да работат на создавање клима на доверба во нивните билатерални односи.

    Прочитај повеќе

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.