Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата избра 9 нови амбасадори: Муртезани ќе се сели во Брисел

    Владата избра 9 нови амбасадори: Муртезани ќе се сели во Брисел

    17.02.2026 во 17:40Updated:17.02.2026 во 17:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел, пренесува Сител. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница. Како што дознава Сител од свои извори, нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ.

    Останатите амбасадорски имиња се дипломати од кариера кои со години работеле во МНР. Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска која во моментов е дел од кабинетот на министерот Муцунски. Таа зад себе има речиси 20 години дипломатска кариера и бројни мисии во дипломатските претставништва низ Европа. По комплетирањето на процедурите, таа треба да биде новиот македонски амбасадор во Хаг.

    Согласно законот, сите 9 имиња пред да станат амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во комисијата за надворешна политика по што Претседателката Сиљановска ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија. Списокот на нови амбасадори, според нашите извори е веќе усогласен меѓу Претседателката Сиљановска, Министерството за надворешни работи и Владата.

    Покрај деветмината амбасадори, Владата денеска одлучила да именува и две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.

    Од претходно, познати се имињата на Веле Трпевски како амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадиљ Зендели во Копенхаген. И тие чекаат за одбрана на своите тези во Собранието.

    По комплетирањето на сите процедури, бројот на дипломати испратени во мандатот на Муцунски ќе достигне 18. Од нив, над 60% или вкупно 11 амбасадори и конзули се дипломати од кариера, што е во насока на заложбите за професионализација на дипломатската мрежа и во согласност со новиот закон за надворешни работи кој предвидува најмалку половина од амбасадорите да бидат професионални дипломати.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.