Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Погребан Горан, имаше само 26 години – Семејството неутешно
    • Ладно утро во Македонија, измерени температурите – УХМР најавува поројни дождови
    • ЦУК информира: Каква е состојбата со пожарите во Македонија
    • Детали за земјотресот кој ја стресе Македонија
    • Сиљановска-Давкова со амбасадорот на ОАЕ: Потенцијал за нови инвестиции и посилна соработка
    • Едукативна трибина во Кисела Вода за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката
    • 22 средни училишта се обединуваат за животните во Скопје ЗОО
    • Втора сесија на комитетот ЕУ-Северна Македонија: Фокус на реформите и проширувањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска не излегувајте без чадор: Поројни дождови и силен ветер низ Македонија

    Денеска не излегувајте без чадор: Поројни дождови и силен ветер низ Македонија

    15.02.2026 во 10:172 Mins Read
    CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 75
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21,  Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6,  Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

    На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе, 4 во Kрушево, 5 во Тетово и Прилеп, 6 во Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Кавадарци, 8 во Виница и Струмица, 10 во Штип, Демир Капија и Гевгелија.

    УХМР за денеска најави променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

    Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

    Прочитај повеќе

    Ладно утро во Македонија, измерени температурите – УХМР најавува поројни дождови

    25.09.2026 во 08:25

    ЦУК информира: Каква е состојбата со пожарите во Македонија

    25.09.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.