Author: Author 03

Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , јави Синхуа. Според истиот извештај, целта на тој потег е да се спроведе „поморската административна надлежност“ на Кина и да се заштитат националните интереси. Потегот на официјален Пекинг претставува силна ескалација и директен одговор на најавата на Токио и Манила дека…

Повеќе

Легендата на народната музика Лепа Лукиќ доживеала незгода во саботата вечерта, по што била пренесена во Ургентен центар. Според информациите на српските медиуми, пејачката паднала во една продавница и притоа се здобила со повреди, поради што на местото на настанот интервенирала екипа на Брза помош. Лепа веднаш била пренесена во Ургентен центар, каде што лекарите извршиле детални прегледи. По направените испитувања било утврдено дека таа го повредила коленото и зглобот на ногата. За среќа, повредите не биле сериозни, па по укажаната медицинска помош била пуштена на домашно лекување. Лекарите процениле дека нема потреба од хоспитализација, но ѝ препорачале строго мирување за побрзо…

Повеќе

Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски доживеа несреќа на трката во Чешка. По вчерашната лидерска позиција на табелата по одржаниот тренинг, Иџе подготвен ја почна денешната трка во Чешка, но не одеше се’ според планираното. Трикратниот европски шампион, со кој Македонија се гордее, излета од патеката за време на денешната трка, по што дојде до оштетување на автомобилот Ферари. Иџе ја заврши трката, но сега ќе се работи на автомобилот, за да се направи се’ што е можно тој да биде подготвен за новата трка. -Завршивме прва трка, но со сериозно излетување и удар. Ако успееме да го приспособиме за…

Повеќе

Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам, нагласипретседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека во правосудството нема напредок, а власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. „Во правосудството нема напредок, напротив власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. Не само што не постои борба против коруцијата, туку додека корупцијата цвета, власта го користи обвинителството за реваншизам и напади на опозицијата. Медиумите се во многу загрижувачка состојба, опаѓа слободата на печатот, се…

Повеќе

– Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена. ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е…

Повеќе

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.  -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.  Додаде дека А.Љ. на 29. минатиот месец во  23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода…

Повеќе

На 06.06.2026 во 12:30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на улицата „ Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, Б.К. со уште едно женско лице од струшкото село Велешта, физички ја нападнале А.Р.(38) од селото Долно Татеши. По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Луѓето не живеат од изјави и односи со јавност, луѓето живеат во услови на високи цени, ниски плати и никаква сигурност, нагласи претседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека народот тоне во сиромаштија, а економските показатиле се поразителни. „Бројките не се партиска пропаганда. Во април оваа година, трошоците на живот пораснаа за скоро 6 проценти во споредба со истиот месец лани. Во индустријата, бројот на вработени во април е намален за околу 3 проценти на годишно ниво, за 60% намалено е нивото на странските директни инвестиции“,…

Повеќе

Серија силни земјотреси денеска за кусо време ја дигнаа на нозе Грција. Во период од само 10 минути, регистрирани се четири силни потреси кои предизвикаа вознемиреност кај населението. Според официјалните извештаи од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), хронологијата и силата на земјотресите се следните: Епицентарот во истото подрачје северно од Атина Сите четири силни земјотреси се регистрирани во истото подрачје, лоцирано северно од главниот град Атина. Сеизмолозите информираат дека сите потреси биле во плитката кора, на длабочина соодветно меѓу 5 и 10 километри, што придонело тие да бидат силно почуствувани на површината. По оваа првична серија од четири силни потреси во…

Повеќе

Гаранција од 60 000 евра за Стефан Богоев да се брани од слобода поднела одбраната на поранешниот директор на Царина и пратеник Стефан Богоев, пренесува ТВ 24 повикувајќи се на свои извори. Во жалбата се наведени и контра аргументи за основите за кои Богоев доби притвор за опасност од бегство и влијание врз сведоци. Од Кривичниот суд потврдуваат дека жалбата е стигната и пратена во ОЈО ГОКК за одговор, по што од понеделник ќе одлучува Кривичен совет. Богоев со уште три лица се сомничи за местење на тендер вреден 300 000 евра и примање награда од 1800 евра. Од ОСДСМ…

Повеќе