Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Луѓето живеат со високи цени, ниски плати и немаат никаква сигурност

    Филипче: Луѓето живеат со високи цени, ниски плати и немаат никаква сигурност

    07.06.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Луѓето не живеат од изјави и односи со јавност, луѓето живеат во услови на високи цени, ниски плати и никаква сигурност, нагласи претседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата  „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека народот тоне во сиромаштија, а економските показатиле се поразителни.

    „Бројките не се партиска пропаганда. Во април оваа година, трошоците на живот пораснаа за скоро 6 проценти во споредба со истиот месец лани. Во индустријата, бројот на вработени во април е намален за околу 3 проценти на годишно ниво, за 60% намалено е нивото на странските директни инвестиции“, рече Филипче.


    Во обраќањето Филипче посочи дека во време на растечка нееднаквост и инфлација, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата.


    „Во време на растечка нееднаквот и огромна инфлација, на исплашени работници, на слаби и партиски контролирани институции и на организиран цинизам, социјалдемократијата повторно станува насушна потреба. Кога богатството се концентрира во неколку центри, таа бара прераспределба. Кога корупцијата расте, таа бара правда. Кога национализмот вирее, таа бара разум. Кога младите губат верба, таа нуди иднина.Кога државата станува студена и далечна, таа ја враќа човечноста во политиката“, рече Филипче.


    Затоа како што кажа Филипче, денес, не е потребен партиски реченик туку нов морален завет.

    „Денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет. Тој завет почнува од трудот. Од работникот што станува рано, а легнува со страв. Од жената што работи две смени секој ден, едната за плата, другата дома без никакво признание. Од младиот човек што учи, дипломира и пак не знае каде ќе заврши додека мечтае да отпатува во еден правец. Од земјоделецот што ја знае цената на секоја капка пот, а не ја знае цената по која ќе му го откупат родот. Од малиот стопанственик што плаќа сè додека големите бизниси наоѓаат дупки во системот. Од пензионерот што не бара луксуз, туку едноставно сака мир“, рече Филипче.


    Притоа тој додаде дека срцето на секоја вистинска социјалдемократска политика е правичноста во оданочувањето.


    „Ако истиот даночен товар еднакво го чувствуваат и оној што живее од плата и оној што живее од шпекулации или скриен капитал, тогаш тоа не е еднаквост. Тоа е добро завиена неправда. Затоа ние мора повторно да зборуваме за фер оданочување и заштитата на трудот на работникот. Не од иделошко позерски причини, туку заради елементарна пристојност во една земја што сака да биде европска“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.