- Шалтерски работник во прилепската болница фотографирал картичка на пациент и направил 71 онлајн нарачка
- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
- Падна инспектор од Крива Паланка: Наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода
- Несреќа во штипско: Малолетник паднал од коњ и се здобил со тешки повреди, итно пренесен во Скопје
- Патник се обидел да внесе бомба во авион со тајмер наместен на 15 минути – хорор го потресе светот
Author: Author 03
Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица. Во објава до јавноста, Даскаловски наведе дека оставката ја доставил до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека одлуката ја донел од лични причини. -Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини, истакна Даскаловски. Тој се заблагодари на членовите, симпатизерите, активистите и соработниците за поддршката и довербата во изминатиот период, оценувајќи дека времето поминато на чело на организацијата било исполнето со многу работа, заеднички успеси и предизвици. Даскаловски посака успех на идниот претседател и на новото…
Иранските државни медиуми објавија дека итно е укината наредбата за ограничување на летовите и дека воздушниот простор на земјата се враќа во нормална состојба. Претходно, сите полетувања и слетувања од иранските аеродроми беа комплетно стопирани поради страв од нови израелски ракетни удари. Паралелно со Иран, својот воздушен простор го отворија и Ирак и Сирија. Ова е клучен чекор за регионалната стабилност, со оглед на тоа што: Израел ги враќа учениците во клупите, но со посебни мерки на северот Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита суспендираше речиси сè од воведените рестрикции за населението. Министерството за образование потврди дека од…
На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ гостуваше Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој се осврна на Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик и посочи дека предложените измени имаат за цел да го направат изборниот процес поефикасен и ја повика опозицијата да не го попречува донесувањето на законските решенија. „Загрижува најавата дека тие планираат да го блокираат Предлогот на Изборниот законик, Предлогот за Изборниот законик во најголем дел опфаќа инкорпорирање на препораки на ОБСЕ/ОДИХР, тоа се препораки коишто ги прават изборите полесни, поефикасни за ДИК каде што СДС има претседател, и сметам дека таквите…
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во прво читање ги поддржа предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба, кои се дел од пакетот реформи насочени кон унапредување на ефикасноста и независноста на правосудниот систем, објави на сцојата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов. Со овие закони создаваме систем во кој знаењето, стручноста и резултатите ќе бидат поважни од бирократијата. Носиме повеќе автономија за судовите и обвинителствата, подобри услови за работа и јасни можности за кариерен развој. -Повеќе професионалност. -Повеќе независност. -Повеќе одговорност. -Подобри услови за вработените. Следуваат јавни расправи и широка дебата, затоа што реформите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално соопшти дека Израел во моментов ги запре воените напади врз Иран. Оваа одлука доаѓа по силниот бран воздушни удари кои израелските сили ги извршија како одговор на претходното ракетирање од страна на Техеран. Сепак, Нетанјаху испрати ултимативно предупредување до иранските власти и нивните сојузници, нагласувајќи дека војската е во состојба на висока подготвеност. Порака до Техеран: Целите се исполнети Премиерот на Израел појасни дека со последната воена операција се постигнати клучните стратешки цели и дека Иран претрпел сериозен удар врз својата одбранбена инфраструктура: „Нападите врз Иран засега се запрени. Ги погодивме нивните воени капацитети и…
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, испрати јасна порака во врска со перспективите за завршување на конфликтот во Украина. Тој порача дека во овој момент е тешко да се коментираат какви било преговори, бидејќи реалниот исход нема да се утврдува преку дипломатски средби, туку директно на бојното поле. Кремљ истовремено јасно го отфрли најновиот европски мировен предлог што беше поддржан од страна на Киев. „Сè зависи од нашите херои на фронтот“ Лавров стави до знаење дека Москва во моментов е фокусирана на воените дејствија и напредокот на своите трупи, минимизирајќи ја улогата на моменталните дипломатски иницијативи: „Сè не зависи од…
Побарала 12, но и дозволиле само 5. Во тек е постапка на вработување на петмина инспектори во Инспекторатот за употребата на Законот за македонски јазик. Иако првично директорката побарала да бидат вработени 12 лица, Министерството за финансии дало зелено светло само за пет. Но сепак овие лица во најоптимистичко сценарио ќе може да пишуваат казни дури 2027-ма година, бидејќи мора да поминат едногодишна обука. „Постапката за вработување започна, петмина инспектори, од помлад инспектор до советник инспектор. Се прави селекција на пристигнатата документација и ќе продолжи постапката до избор на кандидати кои ќе бидат вработени како инспектори по македонски јазик. По…
МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Лековите за слабеење засновани на рецепторот ГЛП-1 се поврзани со намалување од 41 отсто на опасноста од рак поврзана и со тежината, и тоа кај пациенти со дебелина без дијабетес, посочуваат новите научни испитувања. Написот е објавен во „Анали на онкологијата (Annals of Oncology)“, а истражувањето опфати повеќе од 229.000 пациенти од САД. Ова е прво проучување од ваков вид кај популација без дијабетес. Лековите како „Оземпик (Ozempic)“, „Вегови (Wegovy)“, „Мунџаро (Mounjaro)“ или „Зепбаунд (Zepbound)“ беа споредени со диета и вежбање. Резултатите покажаа значително намалување на опасноста кај мажите – речиси 70 отсто, и кај ракот на матката – 58…
Полските власти реализираа една од најголемите полициски акции во својата историја. Во заедничка операција на Централното истражно биро на полицијата и Граничната служба, запленета е рекордна количина од безмалку еден тон хероин, чија пазарна вредност се проценува на фантастични 52 милиони евра (над 230 милиони злоти). Дрогата била со исклучително висока чистота и била наменета за западноверопскиот пазар. Каде и како бил скриен хероинот? Криминалната група користела софистициран метод за шверц на нелегалната пратка. Дрогата била откриена во магацин во близина на полскиот главен град: Официјална изјава: Разбиен меѓународен криминален синџир Јавниот обвинител на Полска, Адам Боднар, на вонредна прес-конференција…
