Author: Author 03

На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.  

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување на „Топ Тема“ на Телма, обвини дека власта покажува сериозна неспособност во спроведувањето на реформите, нетранспарентност во носењето на законите и недостиг на вистинска посветеност кон европската интеграција на државата. Петровска нагласи дека токму неспроведувањето на реформите е една од најголемите слабости на актуелната власт. Како пример го посочи Законот за Судскиот совет, кој е дел од реформската агенда, а кој повторно се менува само шест месеци по неговото донесување. „Само ако очекувате дека се усвоени еден или два амандмани или дека е одржана некоја јавна расправа, не значи дека процесот бил инклузивен.…

Повеќе

На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а…

Повеќе

Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот. Без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ, Филипче и СДС со својот најлош рејтинг во историјата се борат за да направат ново…

Повеќе

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“. Оваа иницијатива директно ги засега граѓаните, компаниите, студентите, работниците, македонската дијаспора и сите оние кои патуваат или комуницираат со земјите од Европската Унија. Со „Роаминг како дома“, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, СМС-пораки и мобилен интернет, без дополнителни…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека реализацијата на проектот Чебрен и Галиште е стратешки проект не само за Македонија како држава, туку и за регионот. Освен зголемувањето на производството на енергија, смета дека можеби многу поважно е и што со него ќе се создадат два резервоара на питка вода. Затоа, вели, државата треба да се обиде да смогне сили и сама да го финансира овој проект по неколку неуспешни обиди за приватни партнерства и тендери. Според него, можеби ова е амбициозна најава, но не и невозможна и, како што нагласува, многу блиску се до конечна одлука државата сама да го гради…

Повеќе

Израелската армија (ИДФ) денеска нареди ги повика жителите од градот Тир, јужен Либан, да ги напуштат домовите. Предупредувањето се однесува и на жителите на христијанската четврт. На граѓаните им е наредено да се евакуираат северно од реката Захрани. – Престојувањето на жителите во близина на припадниците на Хезболах ги загрозува вашите животи. Секоја зграда што ја користи Хезболах за воени цели може да стане мета, објави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на платформата Икс . Евакуацијата е наредена еден ден откако Иран соопшти дека ги суспендира нападите врз Израел, но во исто време и се закани со „сериозен“ одговор ако ИДФ…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски излезе со силна и оптимистичка порака до нацијата и меѓународните сојузници, тврдејќи дека стратешката и воената позиција на Украина е на највисоко ниво од почетокот на целосната руска инвазија. Најповолна позиција од почетокот на војната Зеленски направи ретроспектива на долготрајниот конфликт, нагласувајќи дека рамнотежата на силите на глобалната сцена е видно променета во корист на Украина. „Не сме биле во подобра ситуација две и пол години. Русија е изолирана и сама“, порача украинскиот лидер во својата последна изјава. Според него, долготрајните напори за зајакнување на меѓународната коалиција и континуираната воена и финансиска помош од Западот почнале…

Повеќе

Албанскиот премиер Еди Рама, кој во јавноста одамна е познат по својот ексцентричен стил и уметничко минато, уште еднаш успеа да ја шокира и збуни регионалната јавност. Тој на своите социјални мрежи сподели неверојатно бизарно видео на кое се појавува во женска облека – со градник и здолниште. За што всушност се работи: Сатира, уметнички перформанс или „дипфејк“? Видеото веднаш стана вирално и предизвика лавина од коментари, оставајќи ги гледачите во неверување. На снимката јасно се гледа ликот на албанскиот премиер монтиран во необичен и екстравагантен аутфит, што веднаш покрена дебати на социјалните мрежи. Додека дел од јавноста смета дека…

Повеќе

Парламентот на Хондурас изгласа клучни измени во Кривичниот законик, со кои драстично се зголемуваат казните за убиство на жена. Според новите законски одредби, максималната затворска казна за ова кривично дело во иднина ќе изнесува до 60 години затвор. Построги казни за сексуално насилство и киднапирање со смртни последици Со новите реформи, законодавецот направи градација на казните во зависност од свирепоста и околностите на делото: Хондурас се бори со црната статистика – Латинска Америка во аларм Заострувањето на кривичната политика доаѓа како одговор на алармантната состојба на теренот. Хондурас моментално ја држи неславната позиција на земја со највисока стапка на фемицид…

Повеќе