Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски

    Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски

    09.06.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово.
    Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за големиот клинички центар, кој би требало да се изгради во Скопје. Разгледуваме една локација пред базенот „Борис Трајковски“.

    Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија како држава, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на овој, како што е нашиот план, ултра модерен клинички центар“,  рече премиерот Мицкоски.
    Тој потенцираше дека таа парцела е приватна сопственост и се преговара со сопственикот за замена за земјиштето.
    „Планот е под булеварот „Илинденска“ да се направи топол подземен премин, кој што ќе се поврзе со постоечката „8 Септември“. Тука се наоѓа и ПЕТ центарот кој, исто така, во моментов го развиваме и сето тоа е поврзано со поликлиниката „Букурешт“. Тоа значи дека овој проект ќе опфати целосен заокружен комплекс. Знаете дека имавме една голема инвестиција во болницата „8 Септември“, бевте присутни, видовте навистина најсовремена опрема која е единствена на Балканот.
    Тоа е нашата амбиција и откако ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус  на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме каде што треба да биде и каде што ќе можат граѓаните да го користат“, истакна Мицкоски и дополни дека ако сè е според плановите, следната година би можеле да започнат првичните активности.
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.