Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

    09.06.2026 во 12:06

    Премиерот: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

    09.06.2026 во 11:45

    Драма во Македонија: Петгодишно дете ги испило лековите на баба му – Итно пратено на Клиника

    09.06.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори
    • Премиерот: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште
    • Драма во Македонија: Петгодишно дете ги испило лековите на баба му – Итно пратено на Клиника
    • Пече сонце, па следи невреме – УХМР со предупредување за попладне
    • ИДФ нареди евакуација на жителите од либанскиот град Тир
    • МВР со важно соопштение
    • (ВИДЕО) СДСМ: Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите
    • Низа пропусти во Албанскиот театар – Попис, набавки и евиденции под лупа на ДЗР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

    Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

    09.06.2026 во 12:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“.

    Оваа иницијатива директно ги засега граѓаните, компаниите, студентите, работниците, македонската дијаспора и сите оние кои патуваат или комуницираат со земјите од Европската Унија.

    Со „Роаминг како дома“, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, СМС-пораки и мобилен интернет, без дополнителни роаминг трошоци, односно под услови еднакви со домашните тарифи.

    Поконкретно, добиваме помали трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, подобри услови за компаниите и поевтина прекугранична соработка. Тоа значи конкретна придобивка од европската интеграција, која граѓаните ќе ја почувствуваат директно во секојдневниот живот.

    Почитувани, во изминатиот период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде сериозни, суштински и одговорни чекори за усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

    Беа изработени четири гап-анализи за прилагодување на европските директиви и регулативи во македонското законодавство. Врз основа на тие анализи беше подготвен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, со цел усогласување со Европскиот електронски комуникациски кодекс и релевантните европски регулативи.

    Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, по што беше спроведена владина постапка. На седница на Владата, одржана на 24 февруари 2026 година, беше утврден текстот на Предлог-законот.

    Со тоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го заокружи клучниот национален дел од подготовката на законската рамка потребна за пристапување кон иницијативата „Роаминг како дома“.

    На 4 јуни 2026 година, Советот на Европската Унија го одобри отпочнувањето преговори со земјите од Западен Балкан за проширување на режимот „Roam Like at Home“. Ова е исклучително значаен чекор, затоа што ја отвора вратата за секторски преговори меѓу Европската комисија и секоја од земјите од регионот, вклучително и Македонија.

    Дополнително, на 12 јуни 2026 година е закажан состанок на кој ќе присуствува министерот Андоновски со министрите од Западен Балкан и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и степенот на подготвеност на секоја земја.

    Ова значи дека Македонија не доцни и дека е подготвена. Ова е директен показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати.

    Почитувани граѓани, ова е пример како треба да изгледа европската интеграција, достоинствена, со конкретна придобивка, а не непредвидлив пат и нејасен крај.

    Токму тоа е и политиката на оваа Влада, помалку празни зборови, помалку декларативност и изговори, а повеќе резултати, конкретни решенија и повеќе работа.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на дигитална трансформација, на европско усогласување и конкретни мерки што го подобруваат животот на граѓаните.

    Ова е успех за граѓаните на Македонија.
    Продолжуваме посветено, одговорно и со резултати, порача Бојковска.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) СДСМ: Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите

    09.06.2026 во 11:17

    СДСМ: ЗНАМ е како и анкетите на ВМРО – лажни и на копче

    09.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.