- Јаневска: Oтстранети се околу 60 ученици поради препишување на државната матура
- Трагедија ја потресе Македонија: Работник на ЈП „Комуналец“ починал при чистење на канал за вода
- Божиновска на „IFC Day“: Енергетската транзиција нуди можност за економски раст и нови инвестиции
- Филипче од Ваташа: Политиките на омраза и поделба водат единствено до трагедии
- Доаѓа едно од најжешките лета во Македонија, во јули пик на температурите
- Мицксоки: Се отвораат до 500 нови работни места, автомобилски гигант го сели целокупното производство од Турција и Словачка во ТИРЗ Тетово
- Мицкоски по бизнис форумот во Истанбул: Очекувам неколку десетици турски инвестиции да се операционализираат во Македонија
- Тошковски: Го зајакнуваме присуството на полицијата околу училиштата, воведуваме и нови мерки против сајбер-булинг
Author: Author 03
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието.Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата.„Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа интерпелација, особено што и вие знаете дека оваа интерпелација е само еден обичен обид за политичка драма, а најмалку суштинска дебата за земјоделието. Затоа што и вие знаете дека овие луѓе коишто седат овдека,…
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираа од јавното претпријатие.
Полициски службеници од СВР Велес завчера во 21:15 часот го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки. Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител.
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која во реплика кон поранешната министерка Јованка Тренчевска упати критики за работењето на претходната влада, оценувајќи дека таа оставила сериозни последици врз институциите и економијата. Петкоска истакна дека Тренчевска денес говори од опозициска позиција, но дека јавноста, како што рече, го памети нејзиниот претходен ангажман како дел од владата. „Колешке Тренчевска, денес зборувате како опозиционер.Денес говорите како опозиционер, но за среќа луѓето ве паметат и како министер и како дел од владата, од најкатастрофалната влада којашто и се случила на Македонија. Разликата меѓу тие две улоги, колешке е…
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени некој скандал и веднаш да се повика правдата и институциите да реагираат. „Ако беше добар Љупчо Николовски како министер во ваше време, зошто го разрешивте? Па го ставивте за борба со корупција, па видовме како се избори со корупцијата. Да…
На денешната собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското земјоделство, предупредувајќи на растечката зависност од увоз на храна, падот на домашното производство, уништувањето на сточниот фонд и политиките кои, според него, работат во интерес на посредниците наместо на производителите.Апасиев оцени дека македонското земјоделство се соочува со сериозен пад на производството и оти актуелните политики не даваат резултати. Според него, државата нема долгорочна визија за развој на земјоделството, ниту пак ги користи…
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести. „Искрена да бидам кога ја слушнам слушам денешнава интерпелација и денешнава дискусија не знам навистина дали да се смеам или да се чудам. СДС поднесува интерпелација за министер кој работи, а не поднесе интерпелација за сопствените седум години катастрофа во земјоделието.Вие денес…
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го реализиравте, денеска пред Собрание ќе беа земјоделците и сите тие за кои велите дека сте сработиле во ваша поддршка“, истакна Петровска. Таа посочи дека дури ни пратениците од владејачкото мнозинство не покажуваат подготвеност да го бранат министерот. „Не само што ги нема…
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната ќе се засмета и времето поминато во куќен притвор во 2019 година. Во делот за злоупотреба на службена положба, судот ја уважи жалбата и предметот го врати на повторно судење, со напомена дека постои можност за застарување во 2027 година. Исто така, укината е и условната осуда за друг обвинет, а и тој дел од случајот се враќа на повторно постапување.
Прифатена гаранција за укинување на мерката притвор Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, донесе решение со кое ЈА УВАЖИ жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра, во денарска противвредност во корист на РС Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во…
