Close Menu
Press24
    Најново

    Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда

    08.07.2026 во 18:46

    Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ

    08.07.2026 во 18:23

    Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ

    08.07.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда
    • Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ
    • Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ
    • Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

    Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

    10.06.2026 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести.

    „Искрена да бидам кога ја слушнам слушам денешнава интерпелација и денешнава дискусија не знам навистина дали да се смеам или да се чудам. СДС поднесува интерпелација за министер кој работи, а не поднесе интерпелација за сопствените седум години катастрофа во земјоделието.Вие денес зборувате за одговорност. Вие кои оставивте земјоделци со неисплатени обврски, со ниски откупни цени, со празни ветувања и со чувство дека државата целосно ги заборавила. Да не заборавиме кој беше на власт кога земјоделците протестираа пред институциите. Да не заборавиме кој ги тераше тутунарите, овоштарите и сточарите да излегуваат на улица за да си ги бараат сопствените пари. Да не заборавиме кој создаде систем во кој партиската книшка беше поважна од чесниот труд на македонскиот земјоделец и токму вие држите денеска лекции“, рече Ангелова.

    Според Ангелова, актуелниот министер е цел на интерпелацијата не поради пропусти во работењето, туку поради мерките што ги презел за стабилизирање на состојбите во земјоделството, наведувајќи дека неговите активности за исплата на долговите и воведување ред во системот предизвикале реакција кај опозицијата.

    „Министерот Цветан Трипуновски мислам дека не е предмет на оваа интерпелација поради неуспеси. Напротив, тој е предмет на интерпелација затоа што почна да ги решава проблемите што вие ги создадовте. Почна да ги исплаќа долговите што вие ги оставивте. почна да воспоставува ред таму каде што вие оставивте хаос. Вистината ве боли, нели? Ве боли што земјоделците повеќе не ви веруваат. Ве боли што институциите денес работат. Ве боли што повеќе не можете да користите земјоделците како гласачка машина која ќе ја посетите само пред избори. Оваа интерпелација е признание за успехот на министерот. Ако не работеше немаше да ви пречи, но ви пречи затоа што резултатите се видливи. Ви пречи затоа што секој исплатен денар е доказ за вашата неодговорност. Ви пречи затоа што секој решен проблем е потсетник на вашите промашувања. Седум години имавте власт, седум години имавте министри. Седум години имавте можност да покажете како се работи. Што оставивте зад себе? Разочарани земјоделци,недоверба во институции и чувство дека државата не се грижи за оние коишто ја хранат Македонија“, вели Ангелова.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

    08.07.2026 во 15:52

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.