Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
    • Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

    Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

    10.06.2026 во 17:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското земјоделство, предупредувајќи на растечката зависност од увоз на храна, падот на домашното производство, уништувањето на сточниот фонд и политиките кои, според него, работат во интерес на посредниците наместо на производителите.


    Апасиев оцени дека македонското земјоделство се соочува со сериозен пад на производството и оти актуелните политики не даваат резултати. Според него, државата нема долгорочна визија за развој на земјоделството, ниту пак ги користи механизмите што во минатото обезбедувале стабилност на производството и приходите на земјоделците. 


    Апасиев посочи дека Македонија станува сѐ позависна од увоз на основни прехранбени производи, иако располага со одлични природни услови за земјоделско производство.


    „Ние сме земја која е увозно зависна од храна. Срамота! Земја со 280 сончеви денови – увозно зависна од храна. 600 милиони евра трговски дефицит. Наместо да завршуваат кај нашите земјоделци, им ги даваме на странци. Над една милијарда трошиме само да се прехраниме од странство“, истакна Апасиев.


    Тој наведе дека се намалуваат површините под житни и индустриски култури, посочувајќи дека производството на пченица, ’рж и ориз бележи континуиран пад, иако државата издвојува значителни средства за субвенции.


    „Пченицата е намалена од 80.000 на 68.000 хектари, ’ржта од 4.500 на 3.500 хектари, оризот од 5.200 на 3.000 хектари. Елементарно е. Ако вие ги зголемувате субвенциите, треба и производството да расте. Значи нешто ви е килаво во системот, не ви функционира“, рече тој.


    Осврнувајќи се на откупните цени, Апасиев оцени дека најголемата добивка ја остваруваат прекупците, додека земјоделците се принудени да продаваат под производна цена. „Што тоа ви кажува? Дека прекупците го собираат кајмакот. Дека при инфлација од 5%, сите цени одат нагоре, само цените на земјоделските производи кај примарните производители одат надолу. Пченицата 9 денари им ја плаќате, а на земјоделецот да ја произведе го чини 22 денари. Оризот 20 денари, а да го произведе 25“, нагласи Апасиев.


    Тој ја критикуваше и политиката кон лозарството, посочувајќи дека државната поддршка наместо кај лозарите, завршува кај винариите, што резултира со намалување на лозовите насади. Говорејќи за состојбите во сточарството, Апасиев предупреди дека државата бележи драматичен пад на бројот на добиток во споредба со претходните децении.


    „Илјадници грла добиток имаме помалку. 10% годишно ни се намалува. Овци во СФРЈ сме имале 2,5 милиони грла, денес имаме 470.000 – минус 80% сточен фонд. Говеда сме имале 300.000, сега имаме 140.000 – минус 60%. Какви се овие политики кои водат до вакви резултати?“, праша Апасиев.


    Како решение за надминување на кризата, тој предложи враќање на комбинираниот модел на земјоделско производство, заснован на соработка меѓу големите земјоделски капацитети, задругите и индивидуалните производители, како и дефинирање на стратешки култури и формирање специјализирана агробанка.


    „Спасот е во комбиниран модел којшто ние го имавме, а тоа се големи ЗИК-ови, задруги и бавчаванџии. Немаме стратешки култури, а тоа се афионот и конопот. Очајно ни е потребна агробанка за зелени кредити, за системи за заштита и за циркуларна економија поврзана со исхрана и училишни мензи“, порача Апасиев.


    Во завршницата од своето обраќање, Апасиев упати директна критика до министерот Трипуновски, обвинувајќи го дека не ги застапува интересите на македонските земјоделци. „Вие не сте министер на земјоделците. Вие сте министер на шумската и кванташката мафија“, порача Апасиев од собраниската говорница.

    Прочитај повеќе

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11

    Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

    24.10.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.