Author: Author 03

Европските сојузници на Украина треба да назначат единствен претставник за преговори со Русија за прекин на војната, им рече денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони на пратениците во италијанскиот Парлемeнт, додавајќи дека помалите групи нации не можат да го претставуваат целиот блок. Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, кои предводат неформален безбедносен сојуз наречен Е3, во неделата се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рекоа дека го поддржуваат предлогот на Киев за разговори со Русија за да се обезбеди прекин на огнот. Мелони, цврст поддржувач на Украина, рече дека на Европа ѝ е потребна „интеракција“ со Москва за да…

Повеќе

Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење, соопштија од полицијата. По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово. Ќе бидат превземени мерки од надлежните институции.

Повеќе

Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети и следните чекори за спроведување на реформите, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук. – Заеднички ја нагласивме важноста од ефикасна координација меѓу институциите и навремена реализација на предвидените активности – наведе тој во објавата. Дополнува дека била потврдена и заложбата за продолжување на реформските процеси во насока на унапредување на системот и подобрување на услугите за граѓаните.

Повеќе

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар. ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Повредено е едно лице сопственик на викедница. Во гаснењето се вклучи и ДПД Штип со 4 возила и 12 членови. Од пожарот се зафатени сува трева и грмушки, а поради силниот ветер тој брзо се шири на тешко пристапен терен. Од…

Повеќе

Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот. Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на мозокот. Експертите објаснуваат дека при секое движење на телото, дури и кога станува збор за многу суптилни движења, стомачните мускули создаваат промени во притисокот, што предизвикуваат нежно придвижување на мозокот. – Ова е важно затоа што се чини дека движењето помага во циркулацијата на цереброспиналната…

Повеќе

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов на вечерашната вонредна прес-конференција изјави дека нема простор за паника и дека се користат сите сили на противпожарната бригада за гаснење на пожарот. Дополнително информираше дека побарал помош и од Свети Николе, Кочани и Кавадарци а во контакт бил и со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Според планот на надлежните ќе се направи појаас за пожарот да не се шири. Ситуацијата зависи како ќе се одвива во ноќта во зависност од ветрот кој порано денеска направи вистински хаос и го предизвика овој пожар. Според првичните информации пожарот најверојатно…

Повеќе

Екипи на противпожарните бригади од Свети Николе и Кочани се упатуваат кон Шти да го гаснат големиот пожар којшто во моментов беснее над градот, потврдуваат од ЦУК за ПРЕСС24. За потсетување пожарот избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.

Повеќе

Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева. Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, информираат од ЦУК за Пресс24. Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени

Повеќе

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места. Видеото погледни го тука https://www.facebook.com/share/r/1anmJ6Ydu9/

Повеќе

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места.

Повеќе