- АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
- Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
- Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
- Поранешната министерка Мери Младеновска-Ѓорѓиевска одликувана со орден од италијанскиот претседател Матарела
- Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
- Знаењето не е само оценка во дневник – Летен камп за средношколци во Скопје
- Ревизија утврди: На Врховен му фалат половина судии – Вработените го тужат за 70.000 евра
- Исчезна 17-годишна девојка од Македонија во Штутгарт
Author: Author 03
Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Партнерството за соработка во ЈИЕ, а попладнево е дел од македонската делегација на Самитот на шефови на држави и влади која ја предводи…
На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти…
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која истакна дека интерпелацијата за министерот Трипуновски е неоснована и неиздржана, како и тоа дека Трипуновски, денес, ја поби истата со факти и аргументи. Стојаноска ја компарираше работата помеѓу двегодишното работење на министерот Трипуновски и неработењето на Николовски за два пати по две години, истакнувајќи дека актуелниот министер Трипуновски, за разлика од Николовски, меѓу другото расчисти со криминалците во Министерството изнесувајќи ги истите пред лицето на правдата. При тоа Стојаноска порача дека правдата, секого еден ден ќе стаса, ваква или онаква, но ќе го стаса. „Раст на извозот на…
Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). -Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. Да, еве јас за почеток за да има дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот за да останам на монолог, само…
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница истакна дека за СДС е непоимливо некој кој се огрешил пред законот, а при тоа е функционер, да одговара за сторениот криминал, бидејќи челниците на политичката партија која инфлагранти беше фатена во криминал и којашто доби поразителни 150.000 гласа од граѓаните, си ги оставила на слобода наместо во затвор. „На вас ви е чудно, а како и нема да ви биде кога тој којшто е најголем крадец од сите, ене го во Струмица недопрен, а вториот ви е лидер на партија. Затоа на вас ви е чудно кога некој…
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова која упати реплика кон пратеникот Благоја Бочварски, обвинувајќи ја претходната власт за лошо менаџирање со земјоделскиот сектор и повеќегодишни проблеми со кои, како што рече, се соочувале земјоделците и институциите. Петкова во своето обраќање истакна дека за време на раководењето на СДС се случиле повеќе протести и блокади на земјоделци, наведувајќи конкретни датуми и настани поврзани со незадоволство од ниски откупни цени, високи трошоци и доцнења во исплатите. „Почитуван колега Бочварски, во вашиот говор зборувавте за намалени субвенции за незадоволни земјоделци и за факти. Се јавив за…
Министерот Трипуновски е дел од владин тим кој покажа дека нема капацитет да ја води државата, а наместо нов почеток за земјоделците, остави зад себе неисполнети ветувања, неизвесност и корупциски скандали, нагласи пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Николова посочи дека интерпелацијата е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства, кои денес се оставени сами да се снаоѓаат без поддршка од институциите, додека доцнат исплатите на субвенциите во речиси сите гранки од земјоделството. …
„Ова не е интерпелација на министерот за земјоделие, ова е еден политички парадокс. Кога вие заедно ќе погледнете со кои луѓе сте потпишани на оваа интерпелација, вие, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Јованка Тренчевска, се министер до министер, луѓе коишто изминатите 7 години располагаа со средства, финансии, институции, законодавство. Вие се обидувате овде преку оваа интерпелација да наметнете една амнестија за вашата неодговорност и вашето неработење’’, истакна пратеникот Миле Лефков во реплика кон пратеникот од СДС, Благој Бочварски, во рамки на денешната собраниска седница. Пратеникот Лефков додаде дека кога се говори во делот на бројките…
На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети. Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво. Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. ИЕ4 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова…
Интерпелацијата за министерот Трипуновски не е политички напад, туку одговор на реалните проблеми со кои се соочува земјоделството, кое никогаш не било во полоша состојба, нагласи пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Цветков посочи дека земјоделството е во хаос, земјоделците се понижени и оставени сами да се борат за својата егзистенција, додека субвенциите се скратени и неисплатени. „Додека се фалите со непостоечки успеси, додека кратењето на субвенциите се обидувате да го претставите како…
