Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците

    Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците

    10.06.2026 во 20:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова која упати реплика кон пратеникот Благоја Бочварски, обвинувајќи ја претходната власт за лошо менаџирање со земјоделскиот сектор и повеќегодишни проблеми со кои, како што рече, се соочувале земјоделците и институциите.

    Петкова во своето обраќање истакна дека за време на раководењето на СДС се случиле повеќе протести и блокади на земјоделци, наведувајќи конкретни датуми и настани поврзани со незадоволство од ниски откупни цени, високи трошоци и доцнења во исплатите.

    „Почитуван колега Бочварски, во вашиот говор зборувавте за намалени субвенции за незадоволни земјоделци и за факти. Се јавив за реплика за да ве потсетам вас и јавноста како беше водено Министерството за земјоделие не толку одамна во ваше време и што правеа земјоделците во тој период. Мислите дека граѓаните брзо заборавија? Не, колега. Потсетувам на фактите од вашето владеење. 15-ти април 2022 година кочанските оризопроизводители излегоа на предупредувачки протест. 16-ти август 2022 година земјоделците ја блокираа Струмица поради високите цени на репро материјалите и ниските откупни цени. 20ти август 2022 кочанските оризопроизводители го блокираа патот Штип-Кочани поради незадоволството од ниските откупни цени на оризот. 2 септември 2022, трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Состојбата во АД водостопанство е алармантна и е потребно веднаш да се реагира, а секако не се реагираше“, рече Петкова.

    Петкова истакна дека во тој период биле присутни и финансиски неправилности поврзани со распределба на субвенции и поддршка за микропроизводители на вино, како и сомнежи околу спроведувањето на ИПАРД програмата. Таа ја спомена и т.н. „путер афера“, како и проблемите со контролите на цените и растот на цените на прехранбените производи, оценувајќи дека станува збор за период на сериозни економски предизвици.

    „До крајот на вашиот мандат ги оставивте луѓето со неисплатени плати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со преземање на власта го реши овој проблем. Понатаму има уште, случајот со 820,000 евра финансиска поддршка за микропроизводители на вино во 2023. неправилности и политички влијанија во распределбата на средствата и проекти околу ИПАРД програмата, незаконска распределба на субвенции и грантови. Верувајте, граѓаните не ја заборавија и путер аферата поврзана со контролите на цените и инспекциските акции во периодот на двоцифрената инфлација и неконтролираниот раст на цените на прехранбените производи. Не заборавија и лозарите кои протестираа во Неготино барајќи повисоки цени за грозјето и така натаму. И после сите овие незадоволства, протести, скандали, имате образ да зборувате за некакви неправилности во работењето на министерот Трипуновски. Немате легитимитет да зборувате, затоа што народот пред две години си кажа кој треба да го води. Седете си мирно, ќе дојде ден на избори. Тогаш народот на Македонија повторно ќе каже кој треба да го води. Воедно сум сигурна нема да бидете вие и нема да биде СДС“, вели Петкова.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.