Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована

    Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована

    10.06.2026 во 21:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која истакна дека интерпелацијата за министерот Трипуновски е неоснована и неиздржана, како и тоа дека Трипуновски, денес, ја поби истата со факти и аргументи. Стојаноска ја компарираше работата помеѓу двегодишното работење на министерот Трипуновски и неработењето на Николовски за два пати по две години, истакнувајќи дека актуелниот министер Трипуновски, за разлика од Николовски, меѓу другото расчисти со криминалците во Министерството изнесувајќи ги истите пред лицето на правдата. При тоа Стојаноска порача дека правдата, секого еден ден ќе стаса, ваква или онаква, но ќе го стаса.

    „Раст на извозот на земјоделски производи за 25% во 2025-та година во однос на 2024-та или трговскиот биланс меѓу извоз и увоз на земјоделски производи за 2025-та година ни бил во позитива 215 милиони евра. Откупот и продажбата во четвртото тримесечје од 2025 во однос на истото 2024, зголемени за 15%. Обезбедени 250 милиони денари за Македонски шуми и 100 милиони денари за Водостопанство. Се сеќавате за надоместок за неисплатените плати, погодете од кого и во кое време. Воведени построги критериуми во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026-та, претпоставувам дека ова е заради наменска, а не наместена поддршка“, рече Стојаноска и додаде:

    „Склучени се 57 договори за набавка на специјални комбајни за жнеење ориз. Започна нова дигитална ера во македонското шумарство. На јавниот повик за млад земјоделец пристигнале 254 апликации, а се одобриле 117, за споредба, во 2023-та поднесени биле 44 барања, а исплатени само 18. Шумските полицајци добија бенефициран стаж, односно за 12 ефективни месеци ќе им се пресметуваат 16“.

    Стојаноска се осврна на периодот на владеењето на СДС како и на криминалите кои беа разоткриени за време на министерувањето на Љупчо Николовски како оние со: злоупотреба на стокови, резерви и отпис на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата; заобиколувањето на Платежната агенција и формирање на некоја нова-тричлена, а поради делење грантови од по десетици илјади евра за т.н. мали семејни винарии, со што буџетот беше оштетен со над 800.000 евра незаконски доделувани субвенции, незаконски туркани договори за земјишта-со вредност од стотици илјади евра.

    „Во оваа низа на неодговорно работење на бившиот министер, да ја потсетиме јавноста, дека државата исплатила 2,2 милиони евра по основ на камати, а заради непреземање активности во рок од 5 години после склучениот договор со КФБ банката за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството. Што значи дека СДС имале втор Груби, но во Министерството за земјоделие“, заврши Стојаноска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06

    СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

    11.07.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.