- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 03
На 11 јуни 2026 година, во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М. (45) и 17-годишник, двајцата од селото Романовце, кумановско, поради сомнение дека физички нападнале 25-годишен жител на истото село. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во Романовце, при што бил употребен нож. Во пресметката повреди се здобиле А.М. и нападнатиот А.А. (25). По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави. Полицијата работи на утврдување на сите околности и мотивите што довеле до инцидентот.
Американскиот министер за финансии испрати сериозно и директно предупредување до властите во Техеран, нагласувајќи дека Иран ќе сноси целосна одговорност и ќе ја плати цената за сите штети и дестабилизирачки акции насочени против сојузниците на САД. Оваа порака доаѓа во период на ескалирачки тензии на Блискиот Исток и дополнително ги заострува односите меѓу Вашингтон и Техеран. Според официјалните изјави од американската администрација, САД нема мирно да гледаат на активностите кои ја загрозуваат безбедноста на нивните стратешки партнери во регионот. Засилување на санкциите и економски притисок Министерот за финансии јасно стави до знаење дека Вашингтон е подготвен да ги искористи сите…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, упати силен и емотивен апел до светските лидери за итно усвојување похуман пристап кон мигрантите. За време на својата посета на Канарските Острови во Шпанија – една од клучните и најфреквентни миграциски рути кон Европа – тој предупреди дека историјата сурово ќе ги осуди сите оние кои молчат пред страдањата на луѓето што бегаат од војни, сиромаштија и прогон. Говорејќи на симболично место, во пристаништето Аргинегин на островот Гран Канарија, кое хуманитарните организации поради нехуманите услови за време на пандемијата го нарекоа „Пристаниште на срамот“, папата испрати порака која силно одекна во меѓународната…
Разговор Скопје – Софија на највисоко ниво утре во бугарската престолнина. Претседателките на двете држави Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова ќе се сретнат на маргините на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Според агендата, средбата треба да се одржи во попладневните часови. Додека шефицата на државата го крши мразот на највисоко ниво откако Бугарија конечно доби стабилна, легитимна влада, на министерско ниво во Софија нема да има средба, иако во македонската делегација е и министерот Тимчо Муцунски, кој ќе биде дел од министерскиот состанок. Премиерот претпазлив. Вели, не знае што да очекува од утрешната средба. Рече, резултатите…
Истовремено си примале и социјално и пензија. Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности и слабости во системот на остварување и исплата на правата за социјална заштита во Македонија. Најновиот извештај открива дека во 2024 година незаконски биле исплатени најмалку 236 илјади евра на лица кои паралелно си користеле и пензија и социјална помош. Од овие средства 10,7 милиони денари неосновано завршиле кај 190 корисници на гарантирана минимална помош, 3,3 милиони денари биле исплатени по основ на правото на социјална сигурност на 40 стари лица и 426 илјади денари биле доделени како траен надоместок на пет корисници. Ревизијата лоцирала и…
Драматични повици за интервенција и најава дека во Итната помош се носи човек, кој беше изваден од вила во оган и чад во штипската населба Кадидере, упати пожарникарот Александар Горѓиевски. Според информациите чади покривот од вилата, во чија близина се уште неколку други вили, кои засега не се во опасност. Во близина се разгоре големиот пожар кај Плуждино, што избувна вчера попладне по удар на гром и кој доцна вечерта беше ставен под контрола. Пожарникарите се на терен, по што очекуваме повеќе информации.
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и…
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДС македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа. Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт, велат од Комисиијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДС. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање. Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни. Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања. Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе започнат уште една рунда напади врз Иран и се закани дека ќе го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „преземање целосна контрола“ врз пазарите на нафта и гас во земјата. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека американските сили ќе го нападнат Иран „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“. Тој додаде дека САД ќе го „заземат“ островот Харг, клучен центар за нафтената индустрија на Иран во Заливот, и друга нафтена инфраструктура „во одреден момент во не толку далечната иднина“. Американскиот претседател, исто така, го повтори тврдењето дека „морнарицата, воздухопловните…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција. Форумот, како што соопшти МНРиНТ, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G средби. Бизнис форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република…
