Author: Author 03

Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон влегуваат во својата завршна фаза. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, потврди дека двете земји никогаш не биле поблиску до постигнување конечен договор, расчистувајќи ги со тоа сите шпекулации во меѓународната јавност. „Никогаш не сме биле поблиску“ Арагчи нагласи дека разговорите веќе не се во фаза на теоретски дискусии, туку дека се работи на конкретна финализација на текстот. „Никогаш не сме биле поблиску до договор. Не шпекулирајте, процесот е во финална фаза и се работи на усогласување на последните детали,“ изјави Арагчи, пренесуваат светските агенции. Што содржи договорот? Иако точните точки се чуваат во…

Повеќе

Платформите Facebook и Instagram, во сопственост на компанијата Meta, повторно се во функција по краткотраен глобален прекин што денеска предизвика проблеми за илјадници корисници ширум светот. Според податоци од сервисите за следење на прекини, корисници пријавувале проблеми со логирање, вчитување на содржини и пристап до апликациите. Дел од корисниците биле автоматски одјавени од своите профили, додека други пријавиле грешки при обид за повторно најавување. Од Meta потврдија дека се запознаени со проблемот и дека нивните технички тимови работат на негово отстранување. За кратко време, бројот на пријавени проблеми значително се намалил, што укажува дека услугите постепено биле нормализирани. Прекинот предизвика…

Повеќе

Македонија и Турција постигнаа договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и за унапредување на железничкото карго поврзување, со цел зајакнување на транспортната и економската соработка. Договорот е постигнат на средба меѓу вицепремиерот Александар Николоски и турските министри Абдулкадир Уралоглу и Омер Болат, при што биле разгледани повеќе проекти од областа на инфраструктурата, транспортот и трговската размена. Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу, како што беше истакнато, нагласил дека дел од пошироките планови за соработка со регионот опфаќаат и проекти вредни околу 2 милијарди, насочени кон подобрување на транспортните и логистичките капацитети. Со новата авиолинија се очекува…

Повеќе

Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B-настани и B2B-средби, односно она што го почнавме во Унгарија и што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис-заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека информациите што протекоа во јавноста во врска со договорот меѓу САД и Иран немаат никаква врска со условите што биле договорени. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека иранските коментари за договорот не ја одразуваат вистинската состојба. „Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и жална изјава за постигнување договор, нема никаква врска со вистината. Многу нечесни луѓе со кои е тешко да се работи. Со нив не постои нешто како преговори во добра волја. НЕВЕРОЈАТНО!“, напиша американскиот претседател. Тој додаде дека е „целосно неприфатлив“ нападот…

Повеќе

Администрацијата на Трамп планира да депортира голем број Иранци и други мигранти во Централноафриканската Република, хронично нестабилна земја погодена од насилство и сиромаштија, изјавија за Ројтерс двајца адвокати и службено лице запознаено со ова прашање. Меѓу Иранците има две жени кои се соочуваат со потенцијална тортура и прогон доколку бидат принудени да се вратат во Иран, изјави нивната адвокатка, Емили Тростл. Едната од нив се преобратила во христијанство, додека другата е продемократски активист, додаде таа. Американскиот Стејт департмент и канцеларијата на претседателот на Централноафриканската Република, кои неодамна постигнаа договор за прифаќање на таканаречени депортирани лица од трети земји од САД,…

Повеќе

Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар. Како што се наведува во полицискиот билтен, 53-годишниот гостиварец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син. Потоа, пак, со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка.

Повеќе

Социјалната мрежа Facebook денеска се соочува со сериозен технички прекин, поради што голем број корисници ширум светот пријавуваат дека не можат да пристапат до платформата. Корисниците известуваат дека автоматски се одлогирани од своите профили, додека кај други апликацијата и веб-страницата воопшто не се вчитуваат или прикажуваат грешка. Проблеми се забележани и кај други сервиси на Meta, вклучително и Instagram и Messenger, што укажува на поширок технички дефект во системот на компанијата. Според првичните информации, прекинот е глобален и зафати корисници од повеќе земји, при што се регистрирани десетици илјади пријави за недостапност на услугите. Од компанијата Meta соопштија дека се…

Повеќе

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер и министерот за правда Игор Филков. – Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на…

Повеќе

Врахос е мирно, семејно одморалиште на брегот на Јонското Море, кое во последните години привлекува сè поголем број туристи. Познат по својата долга песочна плажа, чисто море и опуштена атмосфера, тој е одличен избор за семејства со деца подалеку од гужвите. Искуствата на туристите кои летувале во Врахос се претежно многу позитивни, а има само неколку негативни коментари на социјалните мрежи, а тие најчесто се однесуваат на брановите, но и на фактот дека местото нема класично шеталиште. Меѓу позитивните работи, посетителите особено ја истакнуваат пространата плажа долга неколку километри, постепеното влегување во морето и кристално чистата вода. Многумина сметаат дека…

Повеќе