Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 53-годишниот гостиварец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син.
Потоа, пак, со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка.

