Author: Author 03

Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на дискусијата, голем број експерти, професори, судии и адвокати ја истакнаа важноста на предложените решенија и позитивно го оценија Предлог-законот како значаен исчекор кон поефикасен и помодерен систем на граѓанска правда. Предлог-законот носи современи решенија насочени кон модернизација на судските постапки, поголема ефикасност на судовите и зајакнување…

Повеќе

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката на СДСМ, Катерина Цаневска-Арсовска, упати три прашања до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, отворајќи повеќе сомнежи околу начинот на кој се водат клучни градски политики и институции. Таа посочи три проблематични области: спорниот избор и политичката позадина на именувањето на Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина 2028“, за кој побара објаснување за критериумите и транспарентноста на постапката; потоа, неисполнетите ветувања за брзо чистење на Скопје и контрадикторностите околу состојбата со комуналната хигиена, која, наместо подобрување, продолжува да предизвикува незадоволство кај граѓаните; и конечно, нетранспарентноста околу поништениот конкурс…

Повеќе

Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла. Овој пат објавува „10 милијарди евра за 10 години“ и „57 километри автопат“. Ова не е некаков план туку класична пропаганда која ние денеска ја разобличуваме, изјави на денешната прес-конференција Наташа Поповиќ, член на ИК на СДСМ.ж Ајде да погледнеме што всушност најавува. Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, железница, болници, енергетски објекти и други капитални проекти. Сето тоа, велат, вреди 10 милијарди евра. Прво, 57 километри автопат за 10…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на економскиот развој. Тој истакна дека силната економија значи повеќе работни места, подобри плати и посигурна иднина за граѓаните. Осврнувајќи се на современите предизвици, првиот заменик-претседател на Владата посочи дека дигитализацијата, вештачката интелигенција, зелената транзиција, недостигот од квалификувана работна…

Повеќе

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендов времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

Повеќе

На 08.06.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода О.Ц.(23) од струшкото село Велешта. Тој се сомничи дека претходно во селото Долна Белица физички го нападнал Н.М.(34) од истото село во што се вклучиле и П.В. и В.В. од селото Велешта. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава

Повеќе

На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.  

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување на „Топ Тема“ на Телма, обвини дека власта покажува сериозна неспособност во спроведувањето на реформите, нетранспарентност во носењето на законите и недостиг на вистинска посветеност кон европската интеграција на државата. Петровска нагласи дека токму неспроведувањето на реформите е една од најголемите слабости на актуелната власт. Како пример го посочи Законот за Судскиот совет, кој е дел од реформската агенда, а кој повторно се менува само шест месеци по неговото донесување. „Само ако очекувате дека се усвоени еден или два амандмани или дека е одржана некоја јавна расправа, не значи дека процесот бил инклузивен.…

Повеќе

На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а…

Повеќе