Author: Author 03

Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три и пол години, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. „Почнуваме изградба на нов автопат.…

Повеќе

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што престојува во близина на борците на Хезболах, нивните објекти или муниција го става својот живот во опасност, напиша тој. Првично не беше јасно колку луѓе беа погодени од евакуацијата. По…

Повеќе

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднело кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“. Од таму посочуваат дека пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни…

Повеќе

Повеќе од 48 часа не функционира апликацијата Мој ДДВ. Илјадници граѓани се револтирани бидејќи не можат да пристапат до апликацијата и да скенираат сметки. При внесување на пинот за најава, се добива порака Нема конекција од УЈП. На официјалната страна на МОЈ ДДВ е соопштено дека апликацијата функционира со повремени забавувања, но без да прецизираат кога ќе биде повторно вратена во функција. Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, стои во објавата на ФБ.

Повеќе

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните. Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и поврат на ДДВ, што укажува на слабости во управувањето со јавните финансии. „Како што поминува времето гледате дека буквално на секое поле се касни – се касни со субвенции, се касни со социјална помош, се касни со поврат на ДДВ. Ние сме земја…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Поради опасност од бегство,…

Повеќе

Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт, додаде Петрушевски. Имено тој додаде дека актуелното државно раководство…

Повеќе

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде побара од Белата куќа да не ја користат нејзината музика во видео што американската администрација го користи за да ја промовира својата имиграциска политика на „Тикток“. Белата куќа во понеделникот објави видео на кое се гледаат агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) како им ставаат лисици на луѓе додека во заднината се слуша хитот на Аријана Гранде „Bye“ (Довидување) од 2024 година. Акциите на агентите на ИЦЕ се одвиваат согласно Законот потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се одобрува финансирање на повеќе од 70 милијарди долари за имиграциските агенции и протерување нелегални…

Повеќе

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје. Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да се искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија, но дека поставувањето батериски систем е многу посложено од градење сончева електрана. , ,Батериските системи се сложен енергетски објект, кој треба правилно да се проектира, софтверски…

Повеќе

Деменцијата не е една болест. Тоа е име за група симптоми кои влијаат на меморијата, размислувањето и секојдневниот живот, а најчестиот вид е Алцхајмеровата болест. Според „Здравје“, добрата вест е дека истражувањата покажуваат дека приближно 41 процент од случаите можат да се спречат или одложат со промена на одредени навики. Недоволно спиење Додека спиете, вашиот мозок ги отстранува отпадните материи, вклучувајќи ги и протеините што можат да доведат до Алцхајмерова болест. Ако постојано го прекинувате овој процес, овие протеини може да почнат да се насобираат. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон во средните години може да го зголеми ризикот од деменција со ослабување…

Повеќе