Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека информациите што протекоа во јавноста во врска со договорот меѓу САД и Иран немаат никаква врска со условите што биле договорени. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека иранските коментари за договорот не ја одразуваат вистинската состојба. „Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и жална изјава за постигнување договор, нема никаква врска со вистината. Многу нечесни луѓе со кои е тешко да се работи. Со нив не постои нешто како преговори во добра волја. НЕВЕРОЈАТНО!“, напиша американскиот претседател. Тој додаде дека е „целосно неприфатлив“ нападот…

Повеќе

Администрацијата на Трамп планира да депортира голем број Иранци и други мигранти во Централноафриканската Република, хронично нестабилна земја погодена од насилство и сиромаштија, изјавија за Ројтерс двајца адвокати и службено лице запознаено со ова прашање. Меѓу Иранците има две жени кои се соочуваат со потенцијална тортура и прогон доколку бидат принудени да се вратат во Иран, изјави нивната адвокатка, Емили Тростл. Едната од нив се преобратила во христијанство, додека другата е продемократски активист, додаде таа. Американскиот Стејт департмент и канцеларијата на претседателот на Централноафриканската Република, кои неодамна постигнаа договор за прифаќање на таканаречени депортирани лица од трети земји од САД,…

Повеќе

Синоќа во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар. Како што се наведува во полицискиот билтен, 53-годишниот гостиварец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син. Потоа, пак, со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка.

Повеќе

Социјалната мрежа Facebook денеска се соочува со сериозен технички прекин, поради што голем број корисници ширум светот пријавуваат дека не можат да пристапат до платформата. Корисниците известуваат дека автоматски се одлогирани од своите профили, додека кај други апликацијата и веб-страницата воопшто не се вчитуваат или прикажуваат грешка. Проблеми се забележани и кај други сервиси на Meta, вклучително и Instagram и Messenger, што укажува на поширок технички дефект во системот на компанијата. Според првичните информации, прекинот е глобален и зафати корисници од повеќе земји, при што се регистрирани десетици илјади пријави за недостапност на услугите. Од компанијата Meta соопштија дека се…

Повеќе

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер и министерот за правда Игор Филков. – Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на…

Повеќе

Врахос е мирно, семејно одморалиште на брегот на Јонското Море, кое во последните години привлекува сè поголем број туристи. Познат по својата долга песочна плажа, чисто море и опуштена атмосфера, тој е одличен избор за семејства со деца подалеку од гужвите. Искуствата на туристите кои летувале во Врахос се претежно многу позитивни, а има само неколку негативни коментари на социјалните мрежи, а тие најчесто се однесуваат на брановите, но и на фактот дека местото нема класично шеталиште. Меѓу позитивните работи, посетителите особено ја истакнуваат пространата плажа долга неколку километри, постепеното влегување во морето и кристално чистата вода. Многумина сметаат дека…

Повеќе

Поранешната манекенка Данијела Димитровска редовно споделува комбинации за секоја пригода со своите следбеници, а многумина веруваат дека нејзиниот гардеробер е сон на секоја жена. Данијела Димитровска се смета за една од најстилските Србинки, а поранешната манекенка ја заработи оваа титула токму поради нејзините елегантни појавувања на градските настани и на малите екрани. По бракот со познатиот водител Огњен Амиџиќ, Данијела пред неколку месеци повторно влезе во брачниот дом со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ. Двојката го украсила својот дом во светли тонови, при што доминираат белата и бежовата боја, што е случај и со гардеробата на Данијела. Еден од најголемите проекти…

Повеќе

Британскиот премиер Кир Стармер испрати одлучна порака до јавноста по ненадејната оставка на еден од клучните министри во неговиот кабинет. Стармер нагласи дека владата останува цврсто фокусирана на своите примарни обврски и вети дека внатрешно-политичките превирања нема да ја загрозат стабилноста на земјата. Премиерот ја искористи можноста да ги увери граѓаните дека националната безбедност и заштитата на државните интереси остануваат негов врвен приоритет, без оглед на персоналните промени во Даунинг стрит. Безбедноста на државата пред сè Говорејќи пред новинарите по повод новонастанатата ситуација во владата, Стармер децидно соопшти дека нема да дозволи никакви отстапки кога станува збор за стабилноста на…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот за економија, Бесар Дурмиши, посетија компании од Општина Чаир кои добиле институционална поддршка за проширување на своите активности, нови инвестиции и отворање работни места. За време на посетите беше нагласено значењето на поддршката на приватниот сектор како еден од главните столбови на економскиот развој и зајакнувањето на локалната економија. „Економскиот развој го градат луѓето кои инвестираат, создаваат и отвораат нови работни места. Затоа поддршката за бизнисите не е само поддршка за компаниите, туку инвестиција во економската иднина на државата и благосостојбата на граѓаните“, изјави Меџити. Разговорите со претставниците на компаниите беа…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата. „Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и побаравме сите надлежни институции и ресорни министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, бидејќи станува збор за прашање кое е во надлежност на повеќе институции, а не само на локалната самоуправа.…

Повеќе