Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Голем инженерски проект со 5 тунели, 12 мостови, 2 галерии, за кој ќе докажеме дека сме подготвени да го градиме

    Николоски: Голем инженерски проект со 5 тунели, 12 мостови, 2 галерии, за кој ќе докажеме дека сме подготвени да го градиме

    13.06.2026 во 13:313 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три и пол години, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

    Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

    „Почнуваме изградба на нов автопат. Во текот на ова лето започнува да се гради автопатот Скопје-Блаце. Би сакал да ја информирам јавноста дека на денешната средба со директорот на Европската банка за обнова и развој, бевме информирани дека е завршена постапката за избор на изведувач за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Избран е конзорциум предводен од компанијата Гранит. После подолг временски период една домашна македонска компанија ќе гради голем инфраструктурен проект. Сметам дека е голем сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и е голем сигнал за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40 -тина објекти заедно со помалите објекти. Тоа е еден голем инженерски потфат, голем градителски потфат. Но, ќе докажеме дека како држава можеме да работиме големи проекти. Планираме Изведувачот да го заврши овој проект во рок од 3,5 години и за најдоцна 3,5 години да имаме автопатско поврзување од Скопје до Блаце, односно од Македонија до Косово и до Црна Гора. Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар. Драго ми е што во соработка со Европската банка за обнова и развој успеавме да го завршиме овој процес, да избереме Изведувач кој што сега треба да почне да работи на терен. Би сакал да се заблагодарам за поддршката на Европската банка за обнова и развој и искрено би сакал да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски без кој што вакви големи големи инфраструктурни проекти не може да се работат и е невозможно да се работат, неговата визија и дневна посветеност носат резултати и Македонија целосно се трансформира. Благодарност и до министерката за финансии за целокупната поддршка во процесот на обезбедување на финансирање.

    Нека е со среќа, за убаво почетокот на изградба на уште еден нов автопат и за брзо ќе се видиме на терен за почеток на градежните работи” – изјави Николоски.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.