Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето

    Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето

    10.06.2026 во 17:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која во реплика кон поранешната министерка Јованка Тренчевска упати критики за работењето на претходната влада, оценувајќи дека таа оставила сериозни последици врз институциите и економијата.

    Петкоска истакна дека Тренчевска денес говори од опозициска позиција, но дека јавноста, како што рече, го памети нејзиниот претходен ангажман како дел од владата.

    „Колешке Тренчевска, денес зборувате како опозиционер.Денес говорите како опозиционер, но за среќа луѓето ве паметат и како министер и како дел од владата, од најкатастрофалната влада којашто и се случила на Македонија. Разликата меѓу тие две улоги, колешке е што денес како опозиционер можете да ветувате брда и долини, но народот се сеќава дека имавте седум години после кои оставивте хаос од кој последиците ги чувствуваме и денес. Кога веќе се дрзнувате да говорите за одговорност, ајде да да зборуваме за одговорност. За разлика од вас, оваа влада не прикрива проблеми. Се појавија сомнежи за злоупотреби во Ипард. Институциите веднаш реагираа. постапки се отворија, исплатите се стопираа. За случајот беше известена Европската Комисија. Тоа е разликата меѓу нас и вас. Ние  не ги криеме проблемите под тепих, ги отвараме и ги решаваме безразлика за кој човек станува збор“, рече Петкоска.

    Таа ги истакна резултатите на министерот Трипуновски посочувајќи дека денес земјоделството повторно е двигател на економијата, со зголемен извоз на земјоделски производи, и поддршка на земјоделците со субвенции.

    „Ајде да зборуваме и за резултати. Во четвртиот квартал извозот на земјоделски производи е повеќе од двојно поголем од увозот. Македонија извезува над 450 милиони евра земјоделски производи, а увезува околу 200 милиони евра. Тоа се реалните бројки. Земјоделството повторно станува двигател на економијата. За првпат оризот стана стратешка култура и државата интервенираше со откуп на ориз и пченица за да им помогне на производителите. Се поддржуваат младите земјоделци и само на последниот повик се пријавени 254 млади луѓе кои сакаат да останат во Македонија и да живеат од сопствениот труд. Се создаваат услови за земјоделски задруги, за здружување за посилен настап на пазарот. Министерот Цветан Трипуноски ви смета, ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето. А вас колешке Тренчевска на терен ниту ве имало ниту ќе ве има. И најважно од се денес субвенциите завршуваат кај оние коишто навистинапроизведуваат. Тоа е суштинската разлика“, вели Петкоска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.